fbpx

Порталб: Касами ги оневозможи велосипедските патеки во Тетово, судот вели предметот е во постапка

-

Вчера во Тетово почна отстранувањето на заштитните столбови на велосипедските патеки. Тетовскиот градоначалник Билал Касами рече дека за велосипедската патека има судски спор, поточно судски процес против поранешната градоначалничка Теута Арифи, бидејќи е реализирана спротивно на законот. Касами рече дека има судска одлука за отстранување на овие патеки, додека од Основниот суд Тетово рекоа дека постапката за овој предмет е во тек, пишува Порталб.мк.

„Ние како општина сме приморани да ја почитуваме судската одлука за отстранување на сигналните столбови. Од моментот на стапување на власт имаме одлука на судот со која се бара да се елиминира велосипедската патека, да се отстрани и патиштата да се вратат во претходната состојба, за што има тужби против општината и поранешната градоначалничка“, изјави Билал Касами.

На прашањето дали полицијата дала дозвола за поставување на овие патеки, Касами рече дека немало дозвола, додавајќи дека има судска одлука да се реагира врз основа на барањето на полицијата да се отстранат овие пречки и улиците да се вратат во првобитната состојба.

„Полицијата поведе кривична постапка пред суд и врз основа на таа ситуација ние постапуваме денес. Барањето за тужба е во процедура за да нема поголеми последици. На барање на судот ја отстрануваме оваа патека за да го започнеме проектот и врз основа на целата документација, врз основа на законските процедури, да го видиме решението“, изјави Касами.

Од Тетовскиот основен суд за Порталб.мк велат дека е поведена прекршочна постапка и постапката е во тек.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Секторот за внатрешни работи Тетово, годинава два пати испратил соодветни писмени предупредувања за регулирање на новата велосипедска патека во Тетово.

„Откако не било постапено соодветно, по две опомени, СВР Тетово во април да пратил барање за поведување прекршочна постапка против правно лице и одговорното лице“, рекоа од МВР.

Основниот суд Тетово соопшти дека по извршените увиди на Одделението за прекршоци и АКМИС системот на Основниот суд Тетово, до Основниот суд Тетово пристигнало барање за поведување прекршочна постапка заведено против обвинетиот Општина Тетово – како правно лице и Теута Арифи – како одговорно лице во правното лице, за прекршоци казниви по член 348 став 1 точка 8 и точка 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, обвинетите се претходно повикани од овој суд и постапката е во тек.

Извор: Порталб.мк

Скептицизам од почетокот на работата на патеките

Кога пред околу седум месеци почна изградбата на велосипедски патеки, имаше многу критики од граѓаните дека ќе го отежнат сообраќајот во Тетово.

Во април за Порталб.мк, професорот по патен сообраќај во гимназијата „Моша Пијаде“ во Тетово, Блерим Неими, направи анализа на новите велосипедски патеки. Тој истакна дека велосипедската патека не е направена согласно стандардите на патната инфраструктура.

И на социјалните мрежи дури кружеа разни фотографии преку кои се исмеваа велосипедските патеки во Тетово и начинот на кој се направени. Фотографиите беа објавени и во некои медиуми во Албанија и на неколку меѓународни страници.

Извор: Порталб.мк

Колку чинеа велосипедските патеки?

Станува збор за вкупно 5,5 километри велосипедска патека на улицата „Илинден“, истата е широка 1 метар, и чинела 3 милиони денари или околу 50.000 евра.

Од општина Тетово при реализација на работите се потрудија да ја задржат како тајна компанијата која го доби тендерот и работеше на реализација на велосипедските патеки во Тетово, од каде не сакаа да коментираат за цената.

Цената на реализацијата на овој проект од страна на активистите и граѓаните се сметаше за многу висока.

Билал Касами во листата на приоритети за првите 100 дена има предвидено неколку точки во однос на сообраќајот, меѓу кои: олеснување на градскиот сообраќај, забрана за движење на камиони и тешки возила во текот на денот во градот, отстранување на автомобили и други нефункционални возила паркирани со години на улиците, тротоарите и слободни простори за јавноста, на сопствениците на дуќаните нема да им биде дозволено да резервираат паркинзи пред своите дуќани како и да го регулираат и контролираат градскиот сообраќај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...