fbpx

Заев во посета на Пустец: Владата ќе донира 30.000 евра за основното и средното училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“

-

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска ја посетија Општина Пустец, Мала Преспа во Албанија, заедно со Васил Стерјоски, пратеник во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на Општината, Пали Колефски. Во заедничкото, основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“, беше потврдена донацијата обезбедена преку македонски компании за поддршка на инфраструктурното уредување на училишниот двор и дворот на градинката.

Денеска се реализирани 15.000 евра, од вкупно 30.000 евра, колку што вкупно изнесува донацијата. Другиот дел од средствата ќе се донираат во февруари 2021 година, соопштија од Владата.

„Заедничкото основно и средно училиште е реновирано со поддршка на Владата на РСМ, како резултат на заклучоците од заедничката седница со владата на Албанија што се одржа во Поградец во 2018 година. Владата во Тирана прифати во реконструкцијата на 33 основни и средни училишта во Албанија да биде вклучено и заедничкото основно и средно училиште во Пустец, во кое наставата се изведува на македонски и на албански јазик“, рече Заев.

Тој изрази уверување дека заложбите на Владата се во насока на помагање во повеќе сегменти од секојдневниот живот на месното население, почнувајќи од образовниот процес, па се до прашањата од комуналната сфера.

„Со поддршка на Владата и на Министерството за образование и наука, ќе ја поттикнеме и поддржиме непосредната соработка на македонските друштва во Албанија и на образовниот кадар по македонски јазик во училиштата од Мала Преспа, со Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, со Советот за македонски јазик, со Меѓународниот семинар за македонски јазик и со Филолошкиот факултет при Универзитетот во Битола, за организирање семинари и обуки на наставниците кои држат настава по предмети на македонски јазик“, рече Заев.

Тој најави започнување на постапка за отворање на почесен Конзулат во Корча, во текот на 2021 година.

Министерката за образование и наука Мила Царовска најави потпишување на договор за соработка со Република Албанија во делот на образованието.
„Со албанската Влада заеднички ќе работиме на унапредување на условите во двете основни и едното средно училиште во Пустец, како и воопшто на унапредување на целокупната соработка во сите сфери на образованието“, рече Царовска.

Заев имаше средба и разговор со пратеникот Васил Стерјовски и градоначалникот Пали Колефски на која беше изразена подготвеност за давање поголема динамика на комуникацијата меѓу Северна Македонија и Албанија и продолжување на иницирање и учество во проекти од интерес на двете држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...