fbpx
Таг: Албанија

таг: Албанија

Анализа: Земјите на Балканот немаат конзистентна стратегија за тестирањето за ковид-19

Ниту една земја во светот не ја знае точната вкупна бројка на лица кои се заразени со сарс-ков-2, вирусот што ја предизвикува болеста ковид-19. Сè што е познато е она што може да се дознае од официјалната евиденција која здравствените власти ја водат врз основа на добиените резултати од направени тестови. Сите инфекции кои се лабораториски потврдени, се сметаат...

Европската комисија ја предаде предлог-преговарачката рамка за Македонија на земјите-члeнки

Европската комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија и документот е испратен до земјите-членки. „Преговарачката рамка од страна на ЕК е конципирана врз основа на новата методологија за пристапниот процес. Основна цел на овие измени е пристапниот процес да биде поизвесен, поконкретен, поверодостоен, подинамичен, со засилено политичко управување, влијание од страна на земјите-членки, засновано на...

Чипа: Пандемијата силно ги погоди албанските медиуми, над 40 новинари ги загубија работните места

Пандемијата на ковид -19 има големо влијание врз стабилноста на медиумите во Албанија, вели Александар Чипа, претседател на Унијата на албанските новинари. Во интервју за Portalb.mk, Чипа потенцира дека медиумите претрпеле силен удар од пандемијата и финансиските ефекти ќе се почувствуваат уште повеќе во наредниот период од годината. Тој посочува дека над 40 новинари ги загубиле работните места, додека...

Главниот уредник на A2CNN, Узеири: Намалувањето на платите не ги запре новинарите

Ковид-19 во медиумите во Албанија влијаеше на разни начини. Во интервју за Portalb.mk, Елерт Узеири, главен уредник на A2CNN зборува за предизвиците со кои се соочило новинарството за време на пандемијата. Узеири вели дека потешкотиите ги натерале новинарите да ја вршат својата професија на уште поодговорен начин Како ковид-19 го трансформираше новинарството во Албанија? -Oвој период не беше добар, не само од...

Албанија ќе биде економски најпогодена земја од пандемијата со ковид-19 во регионот

Албанија се смета за економски најзагрозена земја во регионот од ефектите на пандемијата со ковид-19. Светската Банка и ЕБОР сметаат дека стопанството на Албанија ќе биде најпогодено, а како последица ќе дојде до зголемување на нивото на сиромаштија. Светската Банка за Северна Македонија изнесува пооптимистични сценарија, пишува „Порталб.мк“. Меѓутоа, кои се причините за проценките на меѓународните институции во нивните прогнози...

Соларната електрана „Караваста“ во Албанија ќе произведува најевтина струја на Балканот

На вториот тендер за фотонапосна централа Караваста, Албанија, компанијата „Волталиа“ понуди продажна цена на струјата од само 24,89 евра за мегават-час, што е рекордно најниската цена во регионот. За оваа соларна електрана, „Волталиа“ ќе има 15-годишен договор со државата за фиксна цена, за половина од производството од погонот, кој е со јачина од 140 мегавати и со животен век...

Цензурата и автоцензурата го „намалија“ индексот на слободата на медиумите во Албанија

„Унапредување на слободата на изразување и медиумите се наши итни приоритети“, истакна премиерот на Албанија, Еди Рама во неговиот говор. пред Советот за безбедност на ОБСЕ на 6 февруари 2020 година. „За довчерашните тепачи и уценувачи на весници, новинари и медиуми, кои зборуваат во име на нивната слобода... ќе дојде ден за судење“, ја обвинуваше Рама опозицијата во земјата, на...

Контрадикторности во ставовите за носењето маски на официјалните лица и меѓународните здравствени институции

Пандемијата „Ковид-19“, покрај лажните вести, се доживува и со противречните изјави дадени од службени лица или меѓународни здравствени институции. Премиерот на Албанија, Еди Рама, продолжува да биде верен на ставот дека маските не треба да се користат масовно, а од друга страна Силва Бино од ИЈЗ го изјавува спротивното. Но, и меѓународните институции се судираат во врска со употребата...

Имаше ли европска солидарност и не само тоа, во досегашната „војна“ против пандемијата „Ковид-19“?

„Сами сме во овие напори за егзистенција“, стана втората најкористена фраза после онаа, „војна“ на почетокот - пандемијата „Ковид-19“ на премиерот на Албанија, Еди Рама. „Европската унија ќе обезбеди помош само за земјите што ги започнале преговорите“, рече министерот за коронавирусот, Арбен Ахметај. Сомневањата за поддршка од Европската унија и другите партнери станаа „факт и тоа конечен“ и од...

Засилување на мерките против корона вирусот во Албанија, Црна Гора, Словенија…

Во Албанија се воведуваат построги мерки за справување со новиот корона вирус, па така од денеска, во терминот од 5 до 13 часот секој ден ќе се дозволува само на едно лице по домаќинство да излезе најмногу еден час од дома поради купување или вршење други неопходни работи. Излегувањето претходно ќе се најавува со СМС или онлајн. Сепак, за оние...

Расте бројката на заразени во соседството 

Значително зголемен број на нови случаи со COVID-19 регистрира Бугарија, соопшти утрово генерал Венцислав Мутафчиски, началникот на бугарскиот Национален кризен штаб за борба со корона вирусот.  -Генералниот тренд на нови случаи со новиот корона вирус се покачува. Тоа што случаите на нови дијагностицирани е помал од претходните денови, не покажува тенденција - изјави тој на редовниот утрински брифинг за медиумите.   Во Бугарија ...

Хрватска ги напишала препораките за давање датум на Македонија и Албанија

Хрватска, како претседавач со Советот на ЕУ, веќе ги подготви нацрт-заклучоците, кои би требало да бидат усвоени следната седмица на Советот за заеднички работи на ЕУ, односно да им се даде датум за почеток на преговорите за зачленување во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, пишува хрватскиот дневен весник „Вечерњи лист“. Според неофицијалните информации пласирани од весникот, се предлага безусловен...

Инфодемија во време на пандемија на корона вирусoт

Корона вирусот COVID-19, којшто е веќе оквалификуван како глобална пандемија, предизвикува тензија низ целиот свет. Можноста за создавање и дистрибуирање дезинформации во овој период останува голема. Уште од алармот во соседна Италија, некои вести, некојпат непроверени, а во некои случаи злонамерно пласирани, создадоа забуна кај многу читатели. Следниов пример е објава на Твитер-профил со 2.671 следбеници. Во модифицираното објавување, насловот...

И покрај ветувањата за пораст, трговската размена меѓу Албанија и Македонија во надолна линија

Албанија и Македонија продолжуваат со слаб индекс на перформанси во однос на трговската размена. За време на заедничките меѓувладини состаноци, шефовите на двете држави се заложија дека ќе ја зајакнат соработката меѓу двете земји. Но, официјалните бројки за увоз - извоз не го покажуваат тоа, пренесува „Порталб.мк“. Првата меѓувладина средба меѓу Албанија и Македонија, што се одржа на 16 декември...

Фактоје: Пречекорен и вториот рок за пуштање во употреба на студентските домови

Албанскиот сервис за проверка на факти Фактоје по втор пат го анализираше ветувањето на министерката за образование, спорт и млади, Беса Шахини,  дека почетокот на сместувањето во новите домови за студенти во Валона, Корча и Скадар ќе биде можно до февруари 2020 година, откако првиот даден рок (декември 2019) беше пречекорен. Според првиот ветен рок студентите од трите албански универзитети требаше...

Потпишани договорите за идниот далновод кон Албанија и нова трафостаница во Охрид

МЕПСО ќе инвестира 35 милиони евра во двата проекти за изградба на 400 киловолтен далновод за поврзување на електропреносните системи на Македонија и Албанија и на нова 400/100 киловолтна трансформаторска станица во близина на Охрид. Во владата денес беа потпишани договорите со изведувачите „Енергоинвест“ од Босна и Херцеговина и „Кончар“ од Хрватска. Реализацијата на проектот е од огромно значење...

Фактоје: Авионите на небо, аеродромот во Валона во калта

Албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје” оцени важно ветувања на Владата на Еди Рама, за изградба на аеродром во Валона. Албанскиот премиер Рама пред скоро една година вети дека активностите за изградба на аеродромот во Валона ќе започнат во 2019 година. Според проверката на „Фактоје”, не само што не започнале, туку дури вчера (19.12.2019) беше официјално отворен тендерот за...

„Охрид СОС“: Последиците по биодиверзитетот во документите на владата се сведени на пејсажни ефекти

Од „Охрид СОС“ велат дека Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028 година и Стратегиската оценка за животна средина (СОЖС) кон овој план несоодветно го третираат влијанието на идниот автопат Требеништа - Струга и пругата Струга - Лин врз биодиверзитетот на регионот што е заштитен под капата на УНЕСКО. „Охрид СОС“ во соопштението за медиуми...

Ќе се прави анализа за предлогот на УНЕСКО за алтернативна рута за пругата кон Албанија

Владата на вчерашната седница го задолжи генералниот секретаријат во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8, која што веќе ја предложи Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017 година, информираат од владината прес - служба. УНЕСКО жестоко ја критикуваше постојната траса на железничкото поврзување...

Куќите со големите водени резервоари на покривите, први настрадале од земјотресот во Албанија

Несоодветните и нестандардни градби, дополнително и несеизмички, беа кобни за големиот број на жртви во катастрофалниот земјотрес во Албанија. Ова стои во оценката што ја работи групата од 42 експерти од Македонија, која во изминатиот период престојувала во Албанија на барање на тамошните власти. Меѓутоа, дополнителен проблем што го утврила оваа екипа е спецификата на семејните куќи, па и колектитивните...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...