fbpx

Расте бројката на заразени во соседството 

-

Значително зголемен број на нови случаи со COVID-19 регистрира Бугарија, соопшти утрово генерал Венцислав Мутафчиски, началникот на бугарскиот Национален кризен штаб за борба со корона вирусот. 

Генералниот тренд на нови случаи со новиот корона вирус се покачува. Тоа што случаите на нови дијагностицирани е помал од претходните денови, не покажува тенденцијаизјави тој на редовниот утрински брифинг за медиумите.  

Во Бугарија  бројката на дијагностицирани со Ковид-19 се искачи на 202, соопшти проф. д-р Мутафчиски. 

Во Србија исто така  бројката на заразени е над 200, и и утрово стаса до 249 пациенти. Северната сосетка на Македонија покренува построги мерки за спречување на ширењето на вирусот, односно се реши за агресивна варијанта на мерки, а бројката на луѓе што ја прекршиле забраната се намалува. Досега тројца починале од последици од новиот корона вирус. 

Според ekathimerini.gr, утрово Грција има нови 71 случај со Ковид-19, а вкупната бројка на дијагностицирани се искачи на 695. Според Сотирис Циодрас, портпарол на грчкото Министерство за здравствена заштита, забележани се 17 смртни случаи, а дури 74 отсто од пациентите на вештачко дишење имале сериозни симптоми. Проценките се дека во Грција вистинската бројка на заразени е меѓу 8.000 и 10.000. 

Во Косово бројката се искачи на 61 случаи, со само еден смртен случај.  

Во Албанија до вчера бројката беше 104, но се очекува да има нов пораст денеска. 

Во Германија, за едно деноноќие , бројкaта на заразени се искачи на 27.436, а бројката на починати е 114.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...