fbpx

Албанија ќе биде економски најпогодена земја од пандемијата со ковид-19 во регионот

-

Албанија се смета за економски најзагрозена земја во регионот од ефектите на пандемијата со ковид-19. Светската Банка и ЕБОР сметаат дека стопанството на Албанија ќе биде најпогодено, а како последица ќе дојде до зголемување на нивото на сиромаштија. Светската Банка за Северна Македонија изнесува пооптимистични сценарија, пишува „Порталб.мк“.

Меѓутоа, кои се причините за проценките на меѓународните институции во нивните прогнози за Албанија?

Светската Банка, во студија објавена на 29 мај на тема “Како ковид-19 може да влијае врз сиромаштијата и благосостојбата на семејствата во Западен Балкан”, најави пораст на сиромаштијата за 44 проценти кај албанските граѓани, што е највисок пораст од сите земји во регионот.

“Според извршените симулации за ова нотирање се проценува дека степенот на сиромаштија во Албанија може да се зголеми за 4 до 8 проценти, со можност да оди до околу 40 проценти, според првото сценарио и до 44 проценти од населението според второто сценарио. Поради тоа што најголемиот дел од луѓето кои се занимаваат со земјоделие се веќе сиромашни, а симулацијата не предвидува намалување на приходите во земјоделието, зголемувањето на сиромаштијата ќе биде главно како последица на луѓето во градовите, кои работат во секторот на услуги и се очекува да изгубат значителен дел од нивните приходи“, се потенцира во извештајот на Светска Банка.

Светска Банка, за Северна Македонија изнесува малку пооптимистични сценарија, предвидувајќи помало зголемување на сиромаштијата споредено со Албанија.

“Симулациите предвидуваат пораст на степенот на сиромаштијата од околу 17 проценти од 2019 година, до околу 20‒23 проценти во 2020 година, a 55.000 до 130.000 Македонци (зависно од тоа дали кризата ќе трае три или шест месеци) ќе западнат во сиромаштија”, се вели во извештајот на Светска Банка.

Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР), исто така, предвиде негативни сценарија за стопанството на Албанија.

ЕБОР предвиде дека стопанството на Албанија ќе се намали за 9 проценти во текот на 2020 година, што е највисок процент во регионот и речиси двојно во однос на предвидувањата на ММФ и Светска Банка.

Директорот на Канцеларијата на Европската Банка за Обнова и Развој во Тирана, Матео Колангели, во интервју за економското списание „Монитор“, ја посочува високата зависност од туризмот и дознаките од странство како главни причини врз кои се засноваат предвидувањата за толку голем економски пад.

„Степенот до кој ќе бидат погодени поединечни земји зависи од бројни чинители, вклучувајќи ја тука и релативната важност на одредени сектори во Домашниот Бруто Производ, нивното интегрирање во глобалниот синџир на вредности, географската местоположба и клучните трговски партнери, како и специфичните услови кои преовладувале пред почетокот на кризата. Произлегува дека Албанија е под особено влијание заради неповолна комбинација на неколку од овие чинители“, аргументира Колангели.

Во однос на преземените мерки од власта за управување со ситуацијата создадена од пандемијата со ковид-19, директорот на ЕБОР во Тирана аргументира дека Албанија има внесено помалку финансиски ресурси на располагање.

„Донесените мерки во Албанија воглавно биле слични на тие во другите земји од Западен Балкан. Тоа што се разликува од останатите земји е количината на распределените ресурси на располагање и ефикасноста во примената на објавените пакети. Првиот пакет, се разбира е поттикнат од фискалната позиција на секоја земја, а во овој случај релативно високиот јавен долг и ниската ликвидност со кои се соочуваше Албанија на почетокот од кризата не беа од помош. Вториот се поврзува со ефективноста на јавната администрација и нејзината способност за брзо трансформирање на одлуките донесени на политичко ниво, во конкретни резултати за луѓето и бизнисите во ситуација на криза“, додава Колангели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...