fbpx

Европската комисија ја предаде предлог-преговарачката рамка за Македонија на земјите-члeнки

-

Европската комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија и документот е испратен до земјите-членки.

„Преговарачката рамка од страна на ЕК е конципирана врз основа на новата методологија за пристапниот процес. Основна цел на овие измени е пристапниот процес да биде поизвесен, поконкретен, поверодостоен, подинамичен, со засилено политичко управување, влијание од страна на земјите-членки, засновано на објективни критериуми и строга и позитивна и негативна условеност, како и реверзибилност,“ изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој исто така информираше дека следната недела во Брисел ќе се разговара од страна на земјите-членки на експертско работно ниво.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји оцени дека со ова „се одбележува уште еден важен чекор на патот на Албанија и Македонија кон Европската Унија“.

Во фокусот на предлог-преговарачките рамки се владеењето на правото, функционирањето на демократските институции и јавната администрација, како и економијата, а се предвидува „посилен политички двигател“ на процесот како и подинамичен ритам на преговорите преку групирањето на поглавјата за преговори во тематски кластери.

Инаку, според пишувањата на „360степени.мк“, во предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија, одредницата што се користи за именување на јазикот е  македонски (Macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти.

Северна Македонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право (acquis communautaire) на македонски јазик пред официјалното зачленување во Европската Унија.

„Ова се смета за чин на официјално признавање на македонскиот јазик на ниво на ЕУ и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската Унија во иднина,“ наведуваат од „360 степени“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...