fbpx

Хрватска ги напишала препораките за давање датум на Македонија и Албанија

-

Хрватска, како претседавач со Советот на ЕУ, веќе ги подготви нацрт-заклучоците, кои би требало да бидат усвоени следната седмица на Советот за заеднички работи на ЕУ, односно да им се даде датум за почеток на преговорите за зачленување во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, пишува хрватскиот дневен весник „Вечерњи лист“.

Според неофицијалните информации пласирани од весникот, се предлага безусловен почеток на преговорите со двете земји, но се очекува дека таквата формулација сосема сигурно ќе биде изменета по денешната расправа на Советот на постојаните претставници (Coreper), во кој членуваат амбасадорите на сите земји-членки на ЕУ.

Според „Вечерњи лист“, промените би се состоеле во давање дополнителни услови за Албанија, додека во поглед на Македонија не би се менувало нешто.

„Тоа би значело дека северномакедонската влада може да ја очекува првата рунда преговори малку порано отколу албанската, но одлуката за двете земји ќе биде донесена“, пишува весникот.

Првата меѓувладина конференција, на која би започнале преговорите, би можела да се случи во јуни годинава, пишува „Вечерњи лист“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...