fbpx

Засилување на мерките против корона вирусот во Албанија, Црна Гора, Словенија…

-

Во Албанија се воведуваат построги мерки за справување со новиот корона вирус, па така од денеска, во терминот од 5 до 13 часот секој ден ќе се дозволува само на едно лице по домаќинство да излезе најмногу еден час од дома поради купување или вршење други неопходни работи. Излегувањето претходно ќе се најавува со СМС или онлајн.

Сепак, за оние лица што одат на работа нема ограничување, а исто така не се предвидени казни за оние што ќе го надминат периодот од еден час.

Исто така, Албанија од 13 часот во саботата до 5 часот денеска целосно го забрани движењето на граѓаните.

И Словенија воведува нови забрани, така што од денеска е забрането излегувањето на граѓаните од својата општина, освен поради работни обврски или одење на лекар. Засега во оваа земја се затворени училиштата, а постои и строга наредба секој што влегува во затворен јавен простор, како супермаркет, да носи ракавици и да ги покрие устата и носот со маска или шал.

Словенечката влада објави и пакет економски мерки „тежок“ 3 милијарди евра, за помош на фирмите и луѓето што се засегнати од епидемијата. Се очекува тој да биде одобрен од парламентот во следниве денови.

Црна Гора од НАТО побара помош за спречување на новиот корона вирус, во форма на маски, ракавици, респиратори и друга заштитна и медицинска опрема.

Јапонија од денеска не дозволува влез на своја територија на државјани на САД, Кина, Јужна Кореја и делови на Европа, а се размислува и за вклучување во овој список на некои земји од Југоисточна Азија и Африка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...