fbpx

Имаше ли европска солидарност и не само тоа, во досегашната „војна“ против пандемијата „Ковид-19“?

-

„Сами сме во овие напори за егзистенција“, стана втората најкористена фраза после онаа, „војна“ на почетокот – пандемијата „Ковид-19“ на премиерот на Албанија, Еди Рама.

„Европската унија ќе обезбеди помош само за земјите што ги започнале преговорите“, рече министерот за коронавирусот, Арбен Ахметај. Сомневањата за поддршка од Европската унија и другите партнери станаа „факт и тоа конечени од другите политички актери и не само во Албанија, пишува „Порталб.мк“. Но, имаше ли европска солидарност и не само тоа, во досегашната „војна“ со „Ковид-19“?

Почетокот на пандемијата „Ковид-19“ ја најде Европската унија неподготвена. Италија, како европско огниште на Ковид-19 и нејзиното не реагирање кое се граничеше со крајна небрежност го зголемија скептицизмот околу „солидарноста“ на Европската унија во справувањето со „Ковид-19“. Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази разочарување од Европската унија, и додаде дека ќе побара помош од Кина. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во отворено писмо до Италија, се извини поради ненавременото реагирање во исто време ја изрази безусловната поддршка за Италија.

„Европа се мобилизира заедно со Италија, но мора да се признае дека во првите денови на кризата, во пресрет на потребата од заеднички одговор, многу земји размислуваа само за нивните проблеми дома“, рече Урсула фон дер Лејен.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во неколку реакции, во форма на разговор со граѓаните, на 19 март изјави дека земјата е сама во оваа „војна“.

„Па, оваа инвазија без оружје ги натера Албанците да се чувствуваме како во лош сон исто како во опсадата, но како треба да го програмираме снабдувањето на сите наши сили на отпор во нашиот замок, кога оваа непријателска агресија ги принуди дури и најголемите демократии на планетата да се вратат во замоците покрај нивните мориња, а не се знае колку долго ќе бидат принудени да живеат како да се наоѓаат под опсада! Уште еднаш, сестри и браќа, време е заедно со мене сите да разбереме, дека во оваа борба за егзистенција во најбрутална смисла на зборот егзистенција, ние сме сами “- рече премиерот Рама.

Поранешниот министер за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати, од друга страна, преку реакција на социјалната мрежа „Фејсбук“ на 17 март, изрази скоро „убедување“ дека Европската унија нема да ги „затвори очите“ на оваа „војна“.

„Ние Албанците сме сведоци и корисници на европска солидарност во најтешките денови од шокот што го добивме заради земјотресот, минатата година. Затоа, да не ја замаглиме логиката на расудување ниту пак да ја зголемиме паниката. Туку, да се зајакнеме соработката со ЕУ, бидејќи пристапот до европскиот пазар за медицинска опрема за време на војната со вирусот нема да недостасува. Ниту, пак, поддршката за намалување на социо-економските последици од пандемијата преку разни финансиски програми на ЕУ “, изјави Бушати.

Во донацијата од 50 милиони евра од ЕУ во Албанија, за да се справи со ситуацијата од Ковид-19, министерот Арбен Ахметај ја истакна решителноста на клучните фигури на ЕУ.

„Денес, Европската унија, Комисијата денес и даде на Албанија 50 милиони евра. Но, она што се случи, мора да им го кажеме на граѓаните. Парите од овој пакет беа наменети само за земји што започнале преговори, како Црна Гора и Србија. Тоа беше на инсистирање на претседателот Урусла фон фонд дер Лејен и Комесарот за проширување … и двајцата се шампиони за поддршка на Албанија. Има многу специфична, пријателска врска што сум ја имам видено самиот за време на Конференцијата на донатори со Премиерот. Овие две лица, во најпозитивна смисла на зборот, силно лобирани од премиерот и владата на Албанија, успеаја да посветат 50 милиони евра за Албанија “- изјави Ахметај на 24 март.

Но, подоцна се испостави дека, изјавата на министерот за корона вирус во Албанија, е невистинита затоа што од пакетот финансиска помош од ЕУ, имаа корист сите земји од Западен Балкан и не само тие.

Но, покрај донацијата од 50 милиони евра од Европската унија, Албанија беше во групата земји кориснички на пакетот 100 милиони американски долари. Соединетите држави, исто така, донираа 30.000 тест комплети за да се овозможи да се идентификуваат и прекинат синџирот на инфекција предизвикана од вирусот. Оваа донација беше поздравена од премиерот Еди Рама и од лидерот на опозицијата, Лулзим Баша.

На 7 април Рама изрази благодарност до Соединетите држави во објава на Твитер.

„Сигурно сме задоволни од позитивната реакција од САД за да ја истакне благородната помош во функција на тестовите“, рече премиерот.

Во иста линија беше и опозицискиот лидер Баша, кој ја истакна важноста на тестирање и изолација за прекинување на синџирот на инфекцијата.

„Би сакал да изразам благодарност до САД за финансиската помош, што ќе му овозможи на здравствениот систем да ги обезбеди потребните 30 000 комплети за тестирање во оваа битка. Тестирањето и изолацијата се единствениот начин да се прекине синџирот и да се победи вирусот “, рече г-дин Баша.

Освен донациите од ЕУ и САД, нашата земја беше поддржана со средства за медицинска логистика од Турција и Кина. И, покрај тоа што не недостасуваше благодарноста од претставници на албанската политика заедно со меѓународните партнери и земјите за помош, немаше очекувања за помош што не беа исполнети или критика кон земји или одредени организации за помошта што недостасува од нив.

Европска унија

50 милиони евра:

-4 милиони евра за медицинска опрема и поддршка на здравството

-11 милиони евра за социјална заштита

-35 милиони евра за економско закрепнување

Соединетите американски држави

Албанија, дел од финансискиот пакет вреден 100 милиони американски долари за „Ковид-19“, плус 30.000 комплети за тестирање

Турција

Медицинска опрема и 6 амбулантни возила

Кина

1.000 комплети за тестирање за „Ковид-19

Но, покрај помошта на меѓународните партнери, имаше и „внатрешни“ донации. Светското седиште на Бекташите донираше 1.000 маски и 1.000 литри средство за дезинфекција на локалната дирекција на полицијата во Тирана.

За разлика од потребите создадени од ситуацијата, можеме да кажеме дека тоа беше регионална соработка меѓу земјите. Ниту барањата за помош ниту понудите едни за други не беа слушнати од лидерите на Северна Македонија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина или Црна Гора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...