fbpx
Таг: фестивал

таг: фестивал

Вечерва почнува 46-тото издание на Млад Отворен Театар

Со експерименталната претстава „Како крајот и да не е сосема блиску“, во која нема актери, туку изведувачи се луѓе од публиката, вечерва почнува 46-тото издание на Младиот отворен театар (МОТ). Претставата на Битеф театарот, која е инспирирана од суптилните поместувања на светот, односите и човечката интеракција преку виртуелната реалност, аудиовизуелните инсталации и текстот, ќе се прикажува во просториите на...

Васко Атанасоски, вокалот на групата „21 Век“, со најдобар перформанс на фестивал во Белград

Викендов во Домот на млади во Белград се одржа Indirekt Showcase Festival каде во неделата на 14-ти ноември настапуваше и македонскиот бенд „21 Век“. Магазинот за поп култура „Ravno do dna“ го оцени настапот на „21 Век“ како еден од најдобрите, ставајќи го на иста линија со српскиот диџеј Владимир Ленхарт зад кој стои Ленхарт Тејпс Оркестра продукција. „Титулата за најдобар...

Отворен Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“

Шестото издание на „Киненова“ беше свечено отворено синоќа во киното „Милениум“ со доделување на наградите за oсобен придонес во филмската уметност и проекција на филмот „Бановиќ Страхиња“ во режија на Стефан Арсенијевиќ, кој го прогласи фестивалот за отворен. „Киненова“ и во оваа шеста фестивалска едиција ги промовира вредностите на раните први и втори филмски остварувања на режисерите и сценаристите. За...

„Џифони Македонија“: Филмот „Тука сум“ на Стефан Божиновски предизвика дискусија против стереотипите во општеството

Филмот „Тука сум“ на младиот автор Стефан Божиновски предизвика големо внимание кај средношколците што учествуваат на „Џифони Македонија“ вчера во киното „Фросина“. Дебитантскиот краток филм на Божиновски, кој е студент по графика на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, ги поттикна филмофилите да разговараат на темата која беше во фокусот на филмот: неприфаќање на различностите и стереотипите што владеат...

Отворен 9. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Се радуваме што по две години повторно сме во Македонија. Посебно ни се драги младите од Македонија кои се наши учесници на „Џифони Италија“. Тие се секогаш најактивни, се истакнуваат по елоквенција и оригиналност. Повторното доаѓање во киносалите е знак на нов почеток и нешто што многу ни недостига. Културата не смее да ја снема, што и да се...

Книжевниот фестивал „Букстар“ ќе се одржи од 12 до 15 октомври под слоганот „Genresis“

Седмото издание на Фестивалот на европската литература „Букстар“ ќе се одржи од 12 до 15 октомври во Скопје, под слоганот „Genresis“, во организација на издавачката куќа „Антолог“. Оваа година, пред книжевната публика ќе бидат претставени девет автори. Прва е Катарина Винклер од Австрија, која ќе се престави со својот роман „Модар накит“, а потоа следи еден од најпродуктивните и најквалитетните...

Манчевски за „Кориере дела сера“: Никогаш не е многу од мостови на Балканот

„Никогаш не е многу од мостови на Балканот“, вели македонскиот режисер Милчо Манчевски во интервју за еден од најстарите и најчитани италијански весници, „Кориере дела сера“. Манчевски е специјален гостин во Рим на Балканскиот филмски фестивал, кој вечерва се отвора со неговиот филм „Врба“. „На сите ни требаат мостови, бидејќи, Бог знае, секаде има многу немирни води. Само глупави или...

До 4 октомври трае пријавувањето за учество на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија 2021“

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ повторно се враќа со одржување во живо. По минатогодишното онлајн-издание, деветтото издание на Џифони Македонија ќе се одржи од 7 до 12 октомри во Скопје во Кинотека, Младинскиот културен центар и киното „Милениум“. Организаторите појаснуваат дека веќе неколку дена е објавен повикот, со кој се повикуваат сите ученици од средните и од основните училишта...

„Бела ноќ“ годинава ќе се одржи на 25 септември, богата програма на различни локации низ Скопје

Овогодинешното издание на „Бела ноќ“ ќе се одржи на 25 септември на неколку локации низ Скопје. Како дел од настанот, на два музички подиума во МКЦ ќе се одржи 11-тото издание на ПМГ Рекордингс фестивалот, на кое ќе настапат ПМГ Колектив, Сетстат, Марија Каева, Блекстејт, Луфтханза, Диџеј Магија, Дарко Јорданов, Нино Наумов, Божидар Видоески, Илина Ангел и DJ UX...

Предавање за споделеното владеење денеска на Фестивалот за критичка култура КРИК

Во рамките на КРИК - фестивал за критичка култура, денеска со почеток во 19.30 часот провокативниот филозоф Петер Халвард ќе одржи онлајн-предавање насловено „Заедничка цел: Предизвикот на споделеното владеење“. Предавањето ќе може да се следи на Facebook страницата на фестивалот или на Zoom на следниот линк. По предавањето ќе следи разговор со Артан Садику, а и онлајн полемика отворена за сите...

Под мотото „И покрај се“, вечерва почнува 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Вечерва почнува 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ со традиционалното доделување на наградите „Златна камера 300 за животно дело“, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ и проекцијата на филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума. На црвениот килим ќе поминат годинешните учесници и гости на фестивалот, ѕвездите-лауреати на фестивалските награди: Кристијан Бергер, Џослин Пук, Бајрам Северџан, кои веќе пристигнаа во Битола, членовите...

Заврши 4-тото издание на фестивалот Skopje Light Art District

Викендот заврши 4-тото издание на меѓународниот фестивал на светло и светлосна уметност Skopje Light Art District. Во изминатите денови на 15 локации низ Скопје, 25 светлосни дизајнери од 14 земји со инсталации и светлосни перформанси на скопјани им ја презентираа магијата на светлосната уметност. Поради прогласената тридневна жалост, изминативе денови уметничките дела беа активни, но без музика и звук како...

Вечерва започнува 4-тото издание на фестивалот на светлината Skopje Light Art District

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, директорот на ЈУ Универзална сала и извршен продуцент на фестивалот, Филип Аврамчев и уметничката директорка на SkLAD 2021, Александра Стратимировиќ, денеска го најавија почетокот на 4-тото издание на меѓународниот фестивал на светлина, Skopje Light Art District, информираат од Град Скопје. Фестивалот Skopje Light Art District ќе трае четири дена, а главната тема на годинашното издание е...

„Љубојна“ со концертен настап го отвораат фестивалот „Крај Вардарот џез“

На денешната конфереција за печат, организаторите на второто издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“, Мирко Попов и Владан Дробицки најавија дека тој ќе биде отворен на 5 септември (недела), во 20 часот, во паркот позади Младинскиот културен центар, со настап во живо на „Љубојна“ и „Кантон 6“. На првата фестивалска вечер, Љубојна, кои прославуваат 20 години постоење и работа на...

Утре започнува шестото издание на КРИК-фестивалот за критичка култура

Со филмската проекција на Artists Under the Big Top: Perplexed и дискусија, утре вечер во Музејот на современа уметност започнува шестото издание на КРИК-фестивалот за критичка култура, која годинава се одржува под насловот „Јазол - привремено постоење, анксиозност и загубена иднина“. „Шестото издание на КРИК - фестивал за критичка култура навлегува во втората пандемиска година. И токму она што го...

Со скратена, но возбудлива програма, ЗДРАВО МЛАДИ 11 успешно одолеа на КОВИД-19

Тимот на Младинскиот културен центар (МКЦ), но и верните обожаватели на нивните настани, се чини дека долго ќе го паметат 11-тото издание на фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ. Постојани промени на протоколите за одржување на настани, рапиден раст на бројот на новозаболени лица од ковид-19, откажување на настапите на закажаните Viagra Boys и Noga Erez на 10 дена пред своите настапи,...

ЗДРАВО МЛАДИ 11 ќе се одржи утре во паркот на МКЦ

Со редуцирана концертна програма, намалена цена на билетите и со задолжителен сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19 за посетителите, во паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје утре вечер ќе се одржи 11-тото издание на ЗДРАВО МЛАДИ. На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат Hercules & Love Affair, DJ FITZ, Belgrado, KOIKOI, Murman Tsuladze, Peki Pele, #Луфтханза,...

Во Прилеп од четврток до недела јубилеjно 10. издание на „Prilep Jazz Weеkend“

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од четврток до недела во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде одржано јубилејното 10-то издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“. Фестивалот оваа година ќе го отворат Кантон 6, пионерски кросовер музички проект, кој датира од 2000 година и е интелектуален производ на Синиша Евтимов, еден од водечките современи...

„МакеДокс“ почнува на 19 август во Куршумли-ан со документарецот „Луѓето од гаражите“

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 19 до 26 август во Скопје, под мотото „Што сега?“, на четири локации, во Куршумли ан, Младинскиот културен центар, Музејот на современата уметност и Музејот на РСМ. Филмската програма на 12 издание на  „МакеДокс“ содржи над 70 документарни остварувања во пет натпреварувачки категории, Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови,...

По шеснаесет години се обновува фестивалот „Skopje Sounds Good“

Фестивалскиот бренд „Skopje Sounds Good“ се реобновува по цели 16 години од неговото прво, но и последно одржување, соопштија од „Авалон продукција“ кои се организатори на фестивалот. Од таму велат дека овој пат публиката ќе може да види свежа и актуелна комбинација на регионални артисти од алтернативната музичка сцена во регионот. „Skopje Sounds Good“ ќе се одржи на 8 септември,...

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...