До 4 октомври трае пријавувањето за учество на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија 2021“

Извор: Џифони Македонија

Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија“ повторно се враќа со одржување во живо. По минатогодишното онлајн-издание, деветтото издание на Џифони Македонија ќе се одржи од 7 до 12 октомри во Скопје во Кинотека, Младинскиот културен центар и киното „Милениум“.

Организаторите појаснуваат дека веќе неколку дена е објавен повикот, со кој се повикуваат сите ученици од средните и од основните училишта да се пријават за учество во меѓународното жири.

Заради протоколите за безбедност од ширење на ковид-19, годинава околу 180 ученици од основните и средните училишта од градот заедно ќе гледаат филмови и ќе учествуваат на креативни работилници, мастеркласови и други интересни содржини.

За учесниците од странство и од другите градови во Македонија ќе биде обезбедена видеоконекција преку која ќе им се приклучат на своите врсници во активностите.

Пријавувањето е на сите заинтересирани млади е отворено до 4 октомври (понеделник). Формуларот за пријава во категоријата Јуниори (VI, VII, VIII и IX одделение) може да се најде овде, додека формуларот за пријава во категориите Кадети и Сениори (I, II, III и IV година средно) може да се најде овде.

Сите оние што сакаат да волонтираат за време на фестивалот, може да се пријават преку следнио формулар: https://tinyurl.com/GiffVolonteri.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од македонската Агенција за филм и Министерството за култура, Град Скопје, партнерот од Италија – „Џифони Експиериенс“ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.