fbpx
Таг: фестивал

таг: фестивал

По шеснаесет години се обновува фестивалот „Skopje Sounds Good“

Фестивалскиот бренд „Skopje Sounds Good“ се реобновува по цели 16 години од неговото прво, но и последно одржување, соопштија од „Авалон продукција“ кои се организатори на фестивалот. Од таму велат дека овој пат публиката ќе може да види свежа и актуелна комбинација на регионални артисти од алтернативната музичка сцена во регионот. „Skopje Sounds Good“ ќе се одржи на 8 септември,...

Распишани конкурсите за поезија и дизајнерско решение за манифестацијата „100.000 поети за промена“

Манифестацијата „100.000 поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст - Струмица“ ги распиша поетскиот и конкурсот за дизајнерско решение на постери и плакати за овогодинешното издание на Фестивалот. Како што информираат организаторите, поезијата треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со глобалните и локалните промени. На овој конкурс можат да учествуваат автори од сите...

KOLOVRT FESTIVAL на 12 август започнува од Скопје со врвни ди-џеи што продуцираат електронска музика

Следејќи ги светските трендови на организирање, снимање и емитување на техно журки на локации со голема антрополошка вредност ја инициравме платформата KOLOVRT FESTIVAL, која ќе промовира локации со голема антрополошка и географска вредност а на кои ќе настапуваат артисти (Dj) кои продуцираат електронска музика, информираат организаторите на овој фестивал. „Целта е да го прикажеме културното наследство низ призма на електронска...

Првото издание на Дојран Рок Фест ќе се одржи на 7 август во Стар Дојран

Здружението Андерфест на 7 август во Стар Дојран ќе го одржи првото издание на Дојран Рок Фест, информираат организаторите на фестивалот. „Особено сме горди и посебно возбудени за овој проект бидејќи излегуваме од границите на градот Скопје и се упатуваме кон нашиот бисер на југот Дојран. Еднодневниот фестивал планираме да се одржи на 7 август 2021 година на плоштадот во...

Започна мултимедијалниот фестивал „Преспаленд 2021“

Со одбележување на првиот час по македонски јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во селото Љубојно, во саботата започна првиот мултимедијален фестивал во овој регион- „Преспаленд 2021“. „Традиционалниот базар и локалните гурмански приказни беа надополнети со настапи на групата „Перија“ и виртоузот на канон и сах, Џенгиз Ибрахим, како и на „Поетри слем Македонија“. Во неделата на плажата Сливница, се...

На 10 јули ќе започне мултимедијалниот фестивал Prespaland 2021

Со низа активности и концерти, овој викенд во Преспа ќе започне првиот мултимедијален фестивал посветен на овој регион, на традицијата и историјата- PRESPALAND 2021, информираат организаторите на фестивалот. Во јули, август и септември, во рамки на фестивалот, ќе се одржуваат едукативни работилници, спортски активности, традиционални и вкусни локални приказни, музички настапи, а ќе има и многу сценски изведби, како и...

Повик за учество на фестивал до млади артисти од областа на визуелни уметности, музика и поезија

Он-лајн Интернационалниот Алтернативен Фестивал “Театарски Европски Алтернативи” – STURM UND DRANG објавува јавен повик за програмата НОВ БРАН (New Wave) која ќе биде дел од програмата на првото издание на Фестивалот кој ќе се одржува од 17.09. до 23.09. 2021 година, информираат организаторите. Покрај Интернационалната и Студентската програма, во рамките на Фестивалот, секоја година ќе се претставуваат уметници од земјата...

Фестивалот „Ohrid Calling“ годинава ќе се одржи со ограничени капацитети

Ohrid Calling 2021
„Ohrid Calling“ годинава ќе се одржи како дводневен фестивал на 1 и 2 август под слоганот „Take your pleasure seriously“, соопштија од „Авалон продукција“ – организаторите на фестивалот. Од таму велат дека Охрид, Македонија и целиот регион ќе добијат сериозни артисти и забава прилагодена на околностите. Годинава фестивалот ќе се одржи со ограничени капацитети, а организаторите очекуваат најмногу до 5...

Со проекција во Кинотека, вечерва се отвора 11-от Филозофски филмски фестивал

Со џез концерт на отворено и еден од најголемите класици на немиот филм ТОЛПАТА (THE CROWD), вечерва стартува 11-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал. Годинава, за разлика од лани, хибридниот фестивал почнува со мини-концерт во дворот на Кинотеката на С. Македонија, односно во летното кино „Мирно лето“, информираат организаторите на фестивалот. Покрај филмската проекција, вљубениците на добриот звук ќе имаат...

„Вечерите на женски права“ со филмска програма од 14 до 16 мај

Годинашното издание на „Вечерите на женски права“, следејќи ја глобалната состојба со ковид-19 и здравствените препораки, се одржува во хибриден формат, комбинирајќи настани кои во текот на март се одвиваа онлајн и со физичко присуство, како и филмски проекции кои ќе се одржат од 14 до 16 мај во Кинотека. „Вечери на женски права“ е настан кој од 2010 година...

Министерство за култура: Договорот за Оф фест е навремено доставен, организаторите не го потпишаа

По објавата на организаторите на фестивалот Оф фест дека настанот се одложува единствено поради тоа што Министерството за култура не им е исплатило аванс, а договорот доцнел, од ова министерство реагираат со соопштение. Оттаму велат дека договорот е навремено доставен, но организаторите не го потпишале а поднеле и забелешки. Од Министерството за култура соопштија дека имаат разбирање за сите потешкотии...

Филм за Леонард Коен и блок македонски филмови за затворање на 6. издание на Скопје синема сити

Вториот филмски викенд во рамките на 6. издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе почне утре. Како и првиот викенд, така и овој ќе биде организиран во дворот на Кинотека на Северна Македонија. Утре со почеток од 19 часот, ќе бидат прикажани четири краткометражни македонски филмови, од кои три се анимираните филмови на режисерот Жарко...

Вечерва завршува фестивалот „Џифони Македонија“, учествуваа 300 млади од 13 земји

Шест дена богати со многу филмови, разговори, уметност и креативност оставија зад себе 300-те учесници на 8.Филмскиот фестивал на млади „Џифони Македонија“. Дел од она што сработија учесниците од 13 земји во изминатите денови, ќе биде прикажано на церемонијата на затворањето, вечерва во 19 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката. Најактивните учесници на фестивалот ќе добијат награди од пријателите...

Утре започнува „Џифони Македонија“ на кој ќе учествуваат 300 млади од 13 земји

Утревечер во 19 часот во Кинотеката на Македонија, со проекција на италијанскиот филм „Мојот брат брка диносауруси“, кого Европската филмска академија го избра за најдобар филм за млада публика за 2020 година, ќе биде отворен фестивалот „Џифони Македонија 2020“. Овогодинешната тема на фестивалот е Земја (Earth) како дел тригодишниот циклус посветен на животната средина (2018 г. – Вода, 2019...

Викендов се одбележува 50 години Златно Славејче

Оваа сабота, 26 септември, на паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се оддржи 50-тото издание на фестивалот Златно Славејче. На овој настан ќе бидат изведени најголемите хитови од сите претходни изданија на овој фестивал меѓу кои се песните „Сакам кола убава“, „Дајте раце“, „Слонче“ и многу други. „Се потрудивме за безбедно другарување според сите услови и протоколи кои ни...

Од 15 септември продолжение на „КРИК 05“ со предавања, филмска проекција и концерт

Вториот дел од фестивалот „КРИК 05“ ќе се одржи од 15 до 18 септември во Музејот на современа уметност. Овогодинешното издание на фестивалот започна во јуни, а ќе се одвива до декември. Темата на овогодинешниот КРИК, „Конечноста и кршливото општество – социјализам, слобода и секуларност“ е инспирирана од книгата на Мартин Хеглунд „Овој живот – секуларна вера и духовна...

Бендот „Њу ордер„ и фотографот Антон Корбeјн за отворање на шестото издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

Шестото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“ ќе започне на 19 септември во дворот на Кинотека. Фестивалот е поделен во два блока: едниот дводневен блок ќе започне на 19 и 20 септември и во него ќе бидат прикажани четири филма, а другиот дводневен блок ќе се одвива на 2 и 3 октомври и ќе...

Отворен повикот за онлајн-учество на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија 2020“

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ го објави повикот со кој ги повикува сите ученици од средните и од основните училишта да се пријават за учество на осмото издание на филмскиот фестивал за млади, кое ќе се одржи онлајн од 25 до 30 септември. Темата на „Џифони Македонија 2020“ е „Земја“ (Earth) како дел од тригодишниот циклус посветен на животната...

Денес и утре премиера на три македонски филма на „МакеДокс“

Три нови македонски остварувања се меѓу филмовите кои се прикажуваат на програмата на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Вечерва со почеток во 21 часот, во Парк МКЦ, премиерна проекција ќе има филмот „Сите ќе умреме“ на Сашко Потер Мицевски, додека пак за утре, закажани се премиери на филмовите „Нејзиното семејство 2010-2019“ на Елизабета Конеска во 20:30 часот во...

„Напред, без да се заборави нашата солидарност и антифашизам“ – нов мурал во Прилеп

Со изработка на муралот насловен „Напред, без да се заборави нашата солидарност и антифашизам“ на фасадата на хотелот „Скопје” во центарот на Прилеп, продолжува програмата на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат(ФР~У). Автор на муралот е Ристо Аврамовски во соработка со Владимир Милиќ, Филип Јовановски и...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...