Започна мултимедијалниот фестивал „Преспаленд 2021“

Фото: Фестивал „Преспаленд“

Со одбележување на првиот час по македонски јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во селото Љубојно, во саботата започна првиот мултимедијален фестивал во овој регион- „Преспаленд 2021“.

„Традиционалниот базар и локалните гурмански приказни беа надополнети со настапи на групата „Перија“ и виртоузот на канон и сах, Џенгиз Ибрахим, како и на „Поетри слем Македонија“. Во неделата на плажата Сливница, се одржа вториот фестивалски ден, каде што многубројната публика имаше можност да ужива во концертите на дуото Дац и Александар и Владо Јаневски,“ информираат организаторите.

Следните настани во чест на Илинден и Преспанското советување, ќе се одржат на 1 и 2 август во Амфитеатарот во Ресен и кај Споменикот во Отешево. Во рамки на „Преспаленд 2021“ акустичен концерт ќе одржат „Љубојна“ и „Слаткаристика“, а посетителите ќе имаат можност да погледнат и македонски филм на отворено.