На 10 јули ќе започне мултимедијалниот фестивал Prespaland 2021

Со низа активности и концерти, овој викенд во Преспа ќе започне првиот мултимедијален фестивал посветен на овој регион, на традицијата и историјата- PRESPALAND 2021, информираат организаторите на фестивалот.

Во јули, август и септември, во рамки на фестивалот, ќе се одржуваат едукативни работилници, спортски активности, традиционални и вкусни локални приказни, музички настапи, а ќе има и многу сценски изведби, како и изложби.

За овој период, во континуитет со 11 настани, фестивалот ќе посети 6 села, ќе помине 200 километри во природа и ќе разубави 11 локации во Преспанскиот регион.

Отворањето на мултимедијалниот фестивал PRESPALAND 2021 е овој викенд, на 10.07 (сабота) одбележувајќи го првиот час по македонски јазик кој се одржал во старото училиште „Димитар Влахов“, во селото Љубојно. На таа локација, со почеток од 18 часот, посетителите ќе имаат можност да ги вкусат традиционалните, преспански рецепти.

На настанот ќе настапат музичката група Перија и виртуозот на канон и саз, Џенгиз Ибрахим, а посетителите ќе уживаат и во читателите на поезија: Елена Пренџова, Игор Трпчески-Трпе, Марија Грубор и Горазд Китаноски-Кени од Поетри слем Македонија.

Следниот ден, на 11.07 (недела), на плажата Сливница (Конект Бар), со почеток од 20:30 часот, свои концерти ќе имаат дуото Дац и Александари македонскиот романтичар Владо Јаневски.