ЗДРАВО МЛАДИ 11 ќе се одржи утре во паркот на МКЦ

Со редуцирана концертна програма, намалена цена на билетите и со задолжителен сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19 за посетителите, во паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје утре вечер ќе се одржи 11-тото издание на ЗДРАВО МЛАДИ.

На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат Hercules & Love Affair, DJ FITZ, Belgrado, KOIKOI, Murman Tsuladze, Peki Pele, #Луфтханза, ИСКРА, Blackstate и Shortpais, а посетителите ќе можат да ја разгледаат и изложбата „Маска или преобразба на изопаченото“ на Бранкица Јордановска.

ЗДРАВО МЛАДИ 11 е поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Europe House Skopje и УНИЦЕФ.

Од МКЦ информираат дека фестивалот ќе се реализира во согласност со актуелните мерки за организирање настани на отворен простор, а во функција на спречување на ширењето на ковид-19.