Околу 400 евра по куче: Понуда и сомнителен договор за третман на кучиња во Тетово, другите општини трошат помалку
декември 14, 2025
Во Тетово третманот на едно куче чини 23.600 денари, цената е многу пати повисока во споредба со понудите што ги прифатиле градовите како Струга, Кичево, Охрид и Гостивар. Ова е понудата што Општина Тетово ја прифатила од Здружението „Ана Агро“ со кое потпишала договор. Ваквиот договор отвора дилеми за финансиска злоупотреба, имајќи го предвид и фактот дека „Ана Агро“ досега добила тендери само од Општина Тетово, пишува Порталб.мк.