fbpx

Штипјанец успеал да ограби пет цркви во Тетовскиот регион пред да го фати полицијата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти оти уапсиле 53-годишен жител на Штип, кого го сомничат за извршените кражби во цркви

-

Влегувал на сила во религиозни објекти и одземал пари, при што во летниот период успел да ограби пет цркви во тетовскиот регион. Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти оти уапсиле 53-годишен жител на Штип, кого го сомничат за извршените кражби во цркви.

„Денеска (31.08.2023) околу 10.30 часот во тетовско Долно Седларце, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 53-годишниот Т.Б. од Штип. Тој се сомничи дека во периодот од 20 јуни годинава досега, извршил пет кражби во цркви во општина Јегуновце. Со употреба на сила влегувал во објектите и најчесто одземал пари. Кај него биле пронајдени и одземени разновиден алат што го користел при извршување на кривичните дела. Т.Б. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде изготвена соодветна кривична пријава“, се наведува во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако соученик ве малтретира во вибер група, направете скриншот и пријавете го кај педагогот

Ученик фотографирал соученик во соблекувална пред часот по физичко образование, па потоа фотографијата ја споделил во вибер група во која сите се исмејувале со ученикот-жртва. Девојка споделила фотографија со...