недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Тетово | 641 резултати

Две грабнувања во Тетово, едната жртва била малолетник кој што бил претепан со тупаници и железна палка

мај 7, 2025

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители грабнале две лица, од кои едно дете. На 5 мај утрото двајцата осомничени со умисла извршиле грабнување на лице, на сила влечејќи го за рацете и рамењата, по што го внеле во нивниот автомобил […]

Студентите плаќаат, но не ги избираат своите претставници во Студентското собрание на Универзитетот во Тетово

мај 1, 2025

Студентското собрание на Универзитетот во Тетово не е легитимно, а неговите членови се избрани нелегално. И покрај фактот дека последниот пат кога УТ организираше избори за претседател на ова тело беше во 2016 година, студентите се принудени да плаќаат по 100 денари секоја година за ова тело во рамките на универзитетот. Од УТ не одговараат, […]

Финансиските злоупотреби при изградбата на Тетовскиот театар: Предметот стигна до Врховен суд

мај 1, 2025

Предметот за злоупотребите при изградбата на новата зграда на Театарот и библиотеката во Тетово, каде што неколку физички и правни лица незаконски профитирале над 13 милиони евра, моментално е во Врховниот суд, откако Тетовскиот суд побара поведување постапка за решавање на судирот на надлежностите, пишува Порталб.мк.  Од Врховниот суд за  Порталб.мк потврдија дека е поднесена […]

Обвинителството бара построга казна за сообраќајката во Тетово во која загина Теодора Ристовска

април 17, 2025

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7 април годинава, со која обвинетиот М.П. беше осуден на две години затвор за сообраќајна несреќа со смртни последици. Обвинителството бара преиначување на казната во повисока, оценувајќи дека судот изрекол санкција која е „преблага во однос на тежината на стореното кривично […]

„Урбана трагедија“: Тетово остана бетонизиран град и без парк, општината не ги прошири зелените површини

март 31, 2025

Иако Тетово е еден од најголемите градови во земјава, тој нема градски парк. Еколошките активисти со години бараат локалните власти да најдат решение, но тоа не е приоритет на локалната власт, иако во изборната програма ветуваа проширување на зелените површини. Градоначалникот на Тетово вели дека со усвојување на новиот генерален урбанистички план ќе се изгради […]

Тетово остана бетонизиран град без парк, општината не ги прошири зелените површини

март 30, 2025

Иако Тетово е еден од најголемите градови во земјава, тој нема градски парк. Еколошките активисти со години бараат локалните власти да најдат решение, но тоа не е приоритет на локалната власт, иако во изборната програма ветуваа проширување на зелените површини. Градоначалникот на Тетово вели дека со усвојување на новиот генерален урбанистички план ќе се изгради […]

Случајот за тетовскиот Монопол: Одлуката дали таму ќе се градат или не станбени објекти била во рацете на Касами

март 29, 2025

Одлуката дали ќе се градат или не станбени објекти во просторот на поранешниот Монопол била во рацете на сегашното раководство на општина Тетово. Градоначалникот на општината, Биљал Касами не е целосно искрен кога вели дека се било „зготвено“ уште порано. Тој исто така имал можност да го суспендира Деталниот урбанистички план изготвен во времето на […]

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

март 24, 2025

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“, „Правда, а не пазарења“, „Вие сте убијци, а не лидери“, „Отиде Спасовски, дојде Тошковски“, „Отиде Бектеши, дојде Дурмиши“… Ова се само некои од транспарентите […]

Австриската амбасада го демантира Биљал Касами: Не се дадени гаранции или ветувања за Попова Шапка

март 14, 2025

Од Амбасадата на Австрија во Македонија, во изјава за „Порталб.мк“, кажаа дека немаат дадено никакви гаранции или ветувања за Попова Шапка, што е спротивно на она што го изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Како што соопштија од Амбасадата, на јануарската средба меѓу австрискиот амбасадор Мартин Памер и Биљал Касами, дел од дискусијата била и […]

Малолетните девојчиња се држат на исто место со затвореничките осудени за потешки кривични дела во Затворот Идризово

февруари 22, 2025

Малолетните девојчиња кои го прекршиле законот и се осудени на воспитно-поправен дом се сместуваат во затворот Идризово и имаат постојан контакт со возрасни жени кои таму отслужуваат казни за тешки кривични дела. На овој начин, Северна Македонија го попречува процесот на рехабилитација и реинтеграција во општеството на овие девојки и прекршува голем број меѓународни закони […]

Секоја наредна зима сè потешка, Тетово под смог: Здравјето на граѓаните загрозено, институциите со години спијат

јануари 26, 2025

Грејната сезона во Тетово значи дека градот и неговата околина се обвиткани со големо загадување на воздухот и со смог. Земјава и оваа година не најде спас од овој проблем, а главната причина за овој проблем останува начинот на греење. И додека граѓаните се жалат дека загадувањето предизвикува здравствени проблеми, а експертите со години предупредуваат […]

Судското рочиште за пожарот во тетовската модуларна болница во која изгореа 14 лица е одложено по четврти пат

јануари 15, 2025

Четврти пат по ред се одлага судското рочиште за повторното судење за случајот за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој изгореа 14 лица. Причина за одлагањето беше отсуството на судијата по основ на боледување, пишува Порталб.мк. Следното рочиште е закажано на 18 март во 10:00 часот. „За жал, завршувањето на судскиот процес се […]

Немаат крај прекините во водоснабдувањето за дел од граѓаните во центарот на Тетово

декември 27, 2024

Група граѓани кои живеат многу блиску до центарот на Тетово веќе неколку месеци се соочуваат со прекини на водоснабдувањето и тоа не само ноќе, туку честопати и преку ден. Бараат решение од надлежните, а ЈКП „Шара“ им вети дека ќе излезат на терен да го дефинираат проблемот и да го решат, пренесува Порталб.мк. И покрај […]

Веќе два месецa учениците во Тетово учат без книги, Јаневска ги обвинува директорите

ноември 3, 2024

Иако поминаа два месеци од почетокот на учебната година, на учениците во тетовските училишта сè уште им недостигаат илјадници книги. За ваквата состојба министерката за образование Весна Јаневска ги обвинува директорите на училиштата што не ги пријавиле оштетените книги и вели дека поради оваа причина тие се заглавени во планирање. Во меѓувреме, од општина Тетово […]

Тетово: Недостигот на учебници им го отежнува образовниот процес на учениците, родителите се принудени на трошоци

септември 22, 2024

Три недели по почетокот на новата учебна година на учениците во Тетово им недостасуваат многу учебници. Како резултат на институционалното необезбедување на учебниците, родителите го гледаат фотокопирањето како алтернативно решение, но тоа е дополнителен трошок за нив. Учениците и родителите се жалат, бараат да се реши овој проблем. Според општина Тетово во училиштата фалат илјадници […]

Скејтпаркот во Тетово од ден на ден сè поуништeн, општината дреме

септември 11, 2024

Иако е едно од ретките рекреативни места во Тетово, општинските власти со години не го одржуваат скејтпаркот. Овој парк од ден на ден се повеќе се уништува и го губи сјајот што го имаше кога беше изграден. Таму може да се види секаков вид на отпад и нечистотија, а општина Тетово молчи, скејтепаркот во Тетово […]

Прослави со пукотници што завршуваат во трагедии: зоштo се пука со оружје по свадби?

август 12, 2024

Повреди и материјални штети – вака можеме да ги опишеме последиците кои доаѓаат како последица на пукотници на разни прослави во полошкиот регион но и пошироко, кои се случуваат главно во текот на летната сезона, пишува Порталб.мк. Вознемирувачки податоци од тетовската полиција Тетовската полиција информира дека на 08.08.2024 година околу 21:00 часот, во СВР-Тетово, по […]

Акциска контрола во тетовско Желино, приведени 19 млади странски државјанки

август 4, 2024

Акциска контрола во ноќен клуб во тетовското село Желино спровеле синоќа после полноќ полициски службеници од СВР Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Целта на контролата била откривање на странски државјани со нерегулиран престој или злоупотреба на престојот. Притоа, затекнати и приведени биле деветнаесет странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и […]

Се заканувал со пиштол при караница за паркинг, полицијата го привела и му го одзела оружјето

јули 26, 2024

Средовечен маж (51) со иницијали А.А. од тетовско бил приведен откако полицијата му пронашла два пиштоли – една кубура и една „Црвена Застава“ со калибар од 7.62 милиметри. На претресот во неговиот дом му претходела расправија на А.А. со 54-годишниот Н.А. од Мала Речица околу паркинг на возила. Според МВР, расправијата се случила вчера утрото, […]

Страна 3 од 32