Протест во Скопје: роднините на загинатите од тетовската модуларна болница бараат правда

Роднините бараат да се разрешат петмина обвинители, но и бараат судска разрешница и казни за одговорните лица од Министерството за здравство и од компанијата „Брако“

-

Граѓани и членови на семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово што се случи пред две години денеска протестираа во Скопје. Со транспаренти во рацете, денеска побараа правда за случајот, во кој животот го загубија 14 лица на 8 септември 2021 година.

Роднините бараат да се разрешат петмина обвинители, но и бараат судска разрешница и казни за одговорните лица од Министерството за здравство и од компанијата „Брако“. Сметаат дека е неопходно да се преиспита судскиот процес за модуларната болница што заврши во тетовскиот суд, пренесува Portalb.mk.

„Убијци“, „правда“, „чудовишта“, ова беа само дел од повиците на членовите на семејствата и граѓаните, кои денеска маршираа од плоштадот „Скендербег“ до зградата на Обвинителството во центарот на Скопје, за да побараат одговорност за 14-те изгубени животи.

„Довербата во правосудниот систем е нула и сведоци сме на тотална неодговорност со криминалното владеење. Културата на неказнивост метастазираше на сите нивоа на системот и не знаеме која онкологија може да го излечи ракот што ја зафати цела Македонија“, изјави Ибин Емшиу од село Синичане.

Роднините на загинатите бараат да се разрешат обвинителите кои работеа на предметниот предмет, почнувајќи од главниот обвинител Љубомир Јовески, Бесир Алиу, Ханефи Амети, Зорица Павловиќ и Дејан Петрески вклучени, според нив, во криењето на делото.

„Да се отвори судска постапка за причините за пожарот, каде на обвинителна клупа ќе седнат челниците на Министерството за здравство како нарачател (на модуларната болница) и фирмата „Брако“ како победник на тендерот“, е второ барање на членовите на семејството.

Бараат да има и повторно судење и преиспитување на одлуките од тетовскиот суд.

„Доколку нашите барања продолжат да наидуваат на незаинтересираност, ќе бидеме принудени да ја смениме формата на мирниот протест. Нема мир без правда“, рече Емшиу, кој зборуваше во името на семејствата на жртвите.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...