fbpx

Случајот за пожарот во модуларната болница заборавен во фиоките на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

Ниту од Јавното обвинителство, ниту пак од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, до кои се обративме неколкупати во тек на изминатата недела, не одговорија во која фаза е оваа истрага и кога ќе има нешто конкретно

-

Иако поминаа повеќе од пет месеци откако Јавното обвинителство на 14 август објави дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори уште еден предмет за пожарот во модуларната болница во кој изгореа 14 лица, денес од оваа институција не даваат детали до каде е оваа истрага и кога ќе има нешто конкретно, пишува Порталб.мк.

Ниту од Јавното обвинителство, ниту пак од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, до кои се обративме неколкупати во тек на изминатата недела, не одговорија во која фаза е оваа истрага и кога ќе има нешто конкретно.

Ниту во октомври од Обвинителството не одговорија на прашања во врска со овој случај.

И токму од Обвинителството, од каде што по објавувањето на документарниот филм на ИРЛ „Убиство во Тетово” во август 2023 година, постојано испраќаа соопштенија за случајот, денеска не одговараат на новинарските прашања за кои јавноста е повеќе од заинтересирана.

За овој трагичен случај членовите на семејствата на жртвите за Порталб.мк неколку пати изјавија дека ја изгубиле вербата во правдата, но и дека нивната надеж сè уште не згаснала.

Членовите на семејствата се изјаснија  дека ако случајот заврши на овој начин, тие ќе се обратат и до Европскиот суд за човекови права во Стразбург.

Документарецот „Убиство во Тетово“ на ИРЛ ја реактуализираше трагедијата предизвикана од пожарот во модуларната болница во Тетово каде животот го загубија 14 лица.

Овој документарец откри дека постапките на обвинителите покреваат сомнежи дека истрагата била намерно саботирана за да се заштитат виновниците од кривично гонење.

Истражувачкиот документарец открива корупција, злоупотреба на тендерот, изградба на модуларната болница без стандарди и несоодветни материјали, како и несогласно законските прописи и неправилно поставување на електричната мрежа во модуларната болница од страна на фирмата „Брако“, за што бил информиран и поранешниот министер за здравство – Венко Филипче, пишува Порталб.

Филмот открива и нецелосни истраги и одолговлекување на случајот од страна на Обвинителството предводено од обвинителот Лубомир Јовески, кое не побарало одговорност од никој за причините за пожарот, туку за други кривични дела.

Во врска со неспроведувањето на правдата за пожарот во модуларната болница, членовите на семејствата и граѓаните неколку пати организираа протести.

На протестите тие бараа отворање на судскиот процес за причините за пожарот, преиспитување и испитување на решенијата од прелиминарната истрага во Судот во Тетово, како и разрешување на главниот обвинител Љубомир Јовески заедно со главниот обвинител на Тетово, Бесир Алиу и обвинителите Зорица Павловиќ, Деан Петрески, Ханефи Амет и другите вклучени во овој случај.

Демонстрантите побараа да им се суди и да се казнат вистинските виновници, меѓу кои и политичарите, кои спротивно на законот тендерот за изградба на болницата ѝ го доделиле на фирмата „Брако“, пишува Порталб.

Страшниот пожар кој ја пеплоса модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година, со себе однесе 14 животи на пациенти лекувани од Ковид-19, но и на нивни роднини кои беа внатре со нив. Пред зградата целосно да изгори беа спасени 14 лица. Иако за овој случај имаше судска постапка, обвинетите не беа повикани за причините за пожарот туку за други кривични дела.

Поранешниот медицински директор на тетовската болница – Флорин Бесими и поранешниот економски директор – Артан Етеми се осудени на 1 година и 6 месеци условен затвор, што значи дека нема да завршат во затвор доколку во наредните 3 години не сторат друго кривично дело. Лекарот одговорен за „Ковид“ центарот – Бобан Вучевски беше ослободен од обвиненијата, а тетовската болница беше казнета со 1 милион денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...