fbpx

Продолжува истрагата за пожарот на Саемот на книгата во Тетово

Портпаролот на полицијата, Фатмир Реџепи за Порталб.мк рече дека сè уште е рано да се знаат причините за пожарот

-

Сè уште не се знае што го предизвикало пожарот во штандовите на саемот во Тетово, кој во неделата попладне уништи десетици кутии со книги, причинувајќи штета од околу 10.000 евра. Според менаџерот на книжарницата „Нобел“, пожарот бил подметнат намерно или предизвикан ненамерно од случаен минувач. Но, надлежните за Порталб.мк велат дека такво нешто не може да се потврди пред официјално да биде завршена предвидената инспекција.

Во центарот на Тетово пред Домот на културата, на местото каде што еден месец се продаваа книгите на „Летниот саем во Тетово“ останале само црни траги од пожарот кој ги зафати продажните штандови. Неделното попладне беше кобно за овој саем на кој најголем интерес имаше од страна на иселениците кои купуваа книги за деца. Пожарот избувнал околу 16:40 часот кога таму немало никој, затоа што на овој ден од викендот саемот се отворал од 18 часот.

Според менаџерот на книжарницата „Нобел“, Мухамед Аслани, во тоа време во штандовите немало никој затоа што во недела саемот се отворал подоцна.  За Порталб.мк тој рече дека кога пристигнал на местото на настанот веќе било предоцна. Случајот го пријавил во полиција и ги почекал инспекторите.

Според него, пожарот не избувнал како последица на поставената електрична инсталација, туку најверојатно причинител е човек.

„Дојдоа од инспекторатот, разговаравме за ситуацијата, пожарот не е предизвикан од електричната инсталација, од струјата. Пожарот настанал како последица на човечко дејствие, намерно или ненамерно, со цигара. Книгите се запалени, тие (инспекторатот) покажуваат само од каде почнал да излегува чадот“, вели Аслани за Порталб.мк.

Колкава е штетата?

„Сè уште правиме пресметки, но од она што го видовме штетата достигнува и до 10.000 евра. Има и книги кои се оштетени од водата, но можеби некој донатор ќе покаже интерес за да ги покрие трошоците за настанатата штета, сè уште не се знае“, рече тој.

Портпаролот на полицијата, Фатмир Реџепи за Порталб.мк рече дека сè уште е рано да се знаат причините за пожарот.

„Не можеме да потврдиме дека причинител е или не е струјата. Сите овие детали се носат на вештачење, се врши вештачење и се дава конечниот заклучок. Кога ќе има нешто, секако дека ќе има и изјава за јавноста или за медиумите“, изјави Реџепи.

Прашани од Порталб.мк, од Јавното Обвинителството во Тетово кратко изјавија дека истрагата за случајот е во тек.

За гаснење на пожарот ангажирани беа четворица пожарникари од Противпожарната бригада во Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...