Таг: ЕУ

таг: ЕУ

Пендаровски: Без внатрешни опструкции, државата може да стане членка на ЕУ и пред 2030 година

Без внатрешни опструкции Македонија може да стане членка на ЕУ и пред рокот од 2030 година, a потврда за тоа се зборовите на француската министерка за европа Лоренс Бун, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски во одговор на новинарско прашање дали очекува опозицијата и натаму да остане против измените на Уставот по изјавите од францускиот претседател Емануел Макрон...

Никаде во Европа не е дозволено 8 годишни деца да прават што сакаат со своето тело

Не постои земја во Европа каде операциите за промена на полот се дозволени на 8 годишна возраст. Возраста за ваква операција без потребата да се согласи на неа родителот е 18 години во Бугарија, Кипар, Грција, Франција, Унгарија, Романија и Словачка, а 15 годишна возраст за Словенија.  Исто така, во Австрија, Чешка, Хрватска, Данска, Финска, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Полска,...

Членството во ЕУ ќе ги задржи младите дома и ќе отвори фондови од 1 милијарда евра годишно

Членството на Северна Македонија во Европската Унија ќе ги задржи младите дома, а на земјава ќе ѝ отвори можност да користи по 1 милијарда евра годишно од структурните и кохезионите фондови. За ова зборуваше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на вчерашната трибина „Ние сме Европа“ што се одржа во центарот на Скопје. „Ако сега користиме 1 милијарда евра преку...

Пендаровски – Павел: Безбедноста на Западен Балкан зависи од европската перспектива

Со чешкиот претседател Петр Павел сме согласни дека стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан, како и неговиот демократски развој, зависат од неговата европска перспектива, изјави претседателот Стево Пендаровски, на заедничката прес-конференција со чешкиот претседател. Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Република Чешка. „Тоа е причина повеќе Европската Унија да го зголеми своето присуство во нашиот регион за...

Маричиќ: Испратен недвосмислен сигнал за прoширување на ЕУ, да не ја пропуштаме шансата

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во изјава за МИА кажа дека не треба да ја пропуштаме шансaта и да се блокираме чекајќи подобри времиња, во момент кога се праќа недвосмислен сигнал за проширување на ЕУ. Според него, ова е доволен сигнал дека работите во ЕУ се менуваат кон подобро. „Работите се менуваат поповолно кон нас и мислам дека што...

За правосудството и антикорупцијата – спроведување, спроведување, спроведување!

Поглавјето 23 се состои од четири области: Правосудство; Антикорупциска политика; Темелни права; Права на граѓаните на ЕУ. Поради обемот на извештајот од скринингот за ова поглавје, му посветуваме две статии – првата за областите на правосудството и анти-корупцијата, а  втората за преостанатите области. Acquis за правосудството поинтензивно се гради од Лисабонскиот договор и вградувањето на Повелбата на темелните права на ЕУ...

Ескобар: САД ги избираат за партнери оние што го приближуваат Балканот кон Европа

Габриел Ескобар вели оти не дошол во С. Македонија за да му кажува на лидерот на опозицијата што да прави или, пак, да му диктира услови, туку да стави јасно до знаење дека САД ги избираат за партнери на Балканот оние што го приближуваат регионот поблиску до Европа. Во интервјуто за „360 степени“, Ескобар, меѓу другото вели дека не можат...

Ковачевски: За прв пат во еден официјален документ ќе има јасна дистинкција меѓу македонски и бугарски народ

Премиерот Димитар Ковачевски, во врска со процесот што се води во Собранието за уставните измени, во интервју за ТВ 21 посочи дека тие не задираат во ниту едно идентитетско прашање на македонскиот народ, соопшти владата. „..со вклучувањето и на други делови од народи, се прави јасна дистинкција меѓу македонскиот народ со сите негови обележја, јазик, култура, идентитет и другите народи...

Реформа на јавната администрација: што се крие зад „умерено подготвена“

И реформата на јавната администрација (РЈА) е за прв пат дел од преговорите. За оваа област acquis е оскудно, зашто во Унијата важи принципот на институционална автономија на државите членки. Сепак, растечката хармонизација на правото на ЕУ, кое го спроведуваат државите членки, има влијание врз нивните институционални и административни структури. Комисијата на почетокот го наведува „правото на граѓанинот на добро...

Агелер: Безбедноста и просперитетот на С. Македонија се во пристапувањето во ЕУ

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска изјави дека не е нејзино да зборува за тоа како тече процесот на уставни измени, но смета дека просперитетот и безбедноста во С. Македонија се во нејзиното пристапување кон ЕУ. Таа додаде дека граничниот премин меѓу С. Македонија и Грција потсетува на тешките одлуки што морала да ги направи земјава. Знам дека не е лесно,...

Битиќи: Членството во ЕУ ќе ја зголеми куповната моќ на граѓаните

Усвојувањето на уставните измени, а со тоа и овозможувањето да продолжи евроинтегративниот пат на нашата држава, не е само политичко прашање, туку и прашање на економски структурни промени кои треба да донесат низа на трајни придобивки како за нашето стопанство, така и за граѓаните, напиша на својот профил на Фејсбук, Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања,...

Современи депонии најпрво ќе добијат Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион

Во октомври 2024 година се очекува да започне изградбата на современите регионални депонии за Полошкиот регион, која треба да се гради кај Русино, Гостивар и за Југозападниот и Пелагонискиот регион што ќе биде лоцирана на дел од површината на досегашниот рудник за јаглен „Суводол“ во битолско Новаци. Во моментов се подготвува тендерската документација за претстојните четири меѓународни тендери - по...

ВМРО-ДПМНЕ контра СДСМ: Што сака 80 отсто од народот?

Двете најголеми политички партии во земјата, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по расправата во собранието за уставните измени разменија серија обвинувања преку испраќање на електронски пораки до медиумите. Во овој текст ќе анализираме две соопштенија на најголемите полтички партии во земјата, во кои ја користат истата бројка - 80 отсто од граѓаните/народот со цел да ги аргументираат нивните ставови и да...

Ковачевски: Денес стана кристално јасно кој сака да ја блокира европската иднина на државата

Денес започна процесот на уставните измени со изгласувањето на дневниот ред на собраниската седница во полн состав. Тоа е првиот заклучок. Второ, денес во Собранието стана кристално јасно кој навистина сака Северна Македонија да стане просперитетна држава, земја-членка на Европската унија, а кој сака да ја блокира европската иднина на државата, изјави попладнево премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата по...

Германија не ја враќа марката назад и не излегува од ЕУ

Во Германија марката не е официјална валута од 2002 година кога беше прифатено еврото. Нема никакви најави дека ќе се врати марката во употреба, ниту дека Германија ќе излезе од ЕУ. Ваквите гласини датираат уште од 2011 година, но никогаш не се остварија. Се работи само за шпекулации и подбуцнувачки наративи кои доаѓаат од одредени политички центри противници на...

Илхан Ќучук: Нема да има подобар предлог, никој не му витка рака на Скопје

Нема да има промена на позицијата на ЕУ - ниту има таква желба, ниту пак неколку месеци пред европските избори во ЕК, Советот ќе се зафатат да се ангажираат со менување на правилата. Правилата се тие, усогласени се и секој треба да се прилагоди на нив. Второ - нема да има подобар предлог, бидејќи овој е најдобриот. Никој не...

Демократските институции во долга консолидација

Во следните неколку статии, ќе дадеме преглед на наодите од Извештајот на скринингот за секоја област односно поглавје содржани во Кластерот Темели. Демократските институции се за прв пат дел од преговорите. На почетокот на самиот извештај се наведува дека не постои единствен модел, ниту дефиниција на демократијата, туку заеднички принципи. Делот во кој се презентира acquis е прилично општ –...

Стратешките партнери на С. Македонија ни го честитаа празникот Илинден

Објавата што ја анализираме, шири дезинформации и ги оцрнува стратешките партнери на С. Македонија, нарекувајќи ги „душмани“, а на сметка на тоа ја глорифицира Русија. Точно е дека Русија ни го честита празникот Илинден, но честитки испратија и амбасадите на САД, Франција и Велика Британија, како и делегацијата на ЕУ во Скопје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

Убивањето на свињите во Хрватска не е американска агенда, туку заштита од болест

Африканска чума кај свињите е вирусно заболување кај домашните и дивите свињи, кај сите старосни категории и предизвикува големи економски загуби. Наспроти изнесеното во постот дека САД има некаква врска со убивањето на свињите заразени со болеста во Хрватска, постојат и држави кои не се дел од Европската Унија, како на пример Србија, каде се спроведува истата мерка кај...

Маричиќ: Не е време за партиски изговори, успехот е во одлучноста за членство во ЕУ

Бојан Маричиќ, вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ за Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ, смета дека е уште еден повик и можност за обединување и начин да се докаже дека политичките партии имаат иста мисија и цел кога станува збор иднината...

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...