fbpx

Пендаровски: Без внатрешни опструкции, државата може да стане членка на ЕУ и пред 2030 година

Јасно е, или си за Европа или си против Европа. Имаме седум народи и делови од народи во Уставот, проблем ли е да се стават уште шест!? Како тоа ќе ја загрози Македонија?, прашува Пендаровски

-

Без внатрешни опструкции Македонија може да стане членка на ЕУ и пред рокот од 2030 година, a потврда за тоа се зборовите на француската министерка за европа Лоренс Бун, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски во одговор на новинарско прашање дали очекува опозицијата и натаму да остане против измените на Уставот по изјавите од францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел.

Инаку, Макрон изјави дека Европската Унија треба да размисли за „Европа со повеќе брзини“, за да се справи со проширувањето.

Според Пендаровски, изјавата на Макрон не е нова и тој за внатрешното преуредување на ЕУ зборувал уште пред пет години, но не кажал дека Западен Балкан треба да чека и да не влезе во ЕУ додека трае реформирањето на Унијата.

Дека тоа е така, додаде претседателот, потврдува и изјавата на француската министерка за Европа Лоренс Бун која рече дека ЕУ може да се прошири и пред 2030 година.

„Госпоѓата Бун е министерка за Европа во администрацијата на Макрон, таа сигурно знае што мисли нејзиниот шеф. За тоа се потврда и зборовите на Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет кој е најблизок политички пријател на Макрон и секоја голема идеја во Европа што ја промовира Макрон, Шарл Мишел истиот момент ја прифаќа“, рече Пендаровски и додаде дека сето ова погрешно се интерпретира поради домашни политички причини.

„Јасно е, или си за Европа или си против Европа. Имаме седум народи и делови од народи во Уставот, проблем ли е да се стават уште шест!? Како тоа ќе ја загрози Македонија? Ако имаше политички причини чекајќи ги следните избори да дојдеш на власт, па после да мислиш на Европа и двотретинско мнозинство тоа не е стратешко размислување, тоа е партиско размислување и е против интересите на Македонија“, смета Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...