fbpx

Ковачевски на првиот ден од учебната година: Поддршка на учениците кои својата иднина ја гледаат во стручното образование

Премиерот Ковачевски им даде поддршка на учениците кои својата иднина ја гледаат во дуалното образование и ги охрабри дека тоа за нив значи сигурна иднина и работа

-

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министрите за образование и наука Јетон Шаќири и за внатрешни работи Оливер Спасовски, на првиот ден од учебната година беа во посета на ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ” во Куманово. Ова училиште стана регионален центар во 2021 година за две струки, земјоделско-ветеринарна и хемиско-технолошка, а се отворија и нови, како здравствена, сообраќајна и лични услуги.

Премиерот Ковачевски им даде поддршка на учениците кои својата иднина ја гледаат во дуалното образование и ги охрабри дека тоа за нив значи сигурна иднина и работа.

„Навистина ми е драго што денеска сум во средно стручно училиште во Куманово, со паралелки со дуално образование и што интересот на учениците за ова училиште е толку голем. Учениците, во компаниите кои потпишале договори со училиштето и со Министерството за образование и наука, имаат можност не само да учат теоретска настава, туку и практична настава. На тој начин од првиот ден на своето образование имаат можност да се вклучат и во работните процеси, и да станат многу поконкурентни на пазарот на труд во однос на своите врсници“, рече премиерот Ковачевски.

Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ” во Куманово / Фото: Влада на РСМ

Тој додаде дека една од стратегиите на Владата е подигнувањето на атрактивноста и интересот на младите за упис во средно стручно образование.

Посакувајќи им успеси на учениците и наставниците, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, истакна дека учебната година започнува со повеќе нови учебници во основното и средното стручно образование, 50-тина реконструирани и неколку нови училишни објекти, како и со најава за повисоки плати за просветните работници.

Фото: Влада на РСМ

Директорката на ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ”, Весна Трајковска рече дека досегашните реформи дале големи резултати.

„Бројот на ученици споредбено со претходните години се зголеми за 80 проценти. Сите паралелки од прва година се дуални и обезбедивме секој наш ученик да реализира учење преку работа во компанија“, рече таа.

Министерот Шаќири потсети дека учебната година ќе трае до 17 јуни, а за прв пат, по примерот на повеќе развиени земји во Европа, се воведува и пролетен распуст кој ќе трае од 29 април од 5 мај. Тој информираше и дека во училишните клупи има над 250 илјади ученици, од кои околу 20 илјади се првачиња.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...