Илон Маск ќе воведува опција за аудио и видео повици на Икс (Твитер)

Сопственикот на Икс, Илон Маск, се трка да изгради „апликација за сè“ за да остане пред конкуренцијата на Тредс (Threads) во сопственост на платформата Мета

Ministério Das Comunicações, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons

Платформата за социјални медиуми Икс, поранешен Твитер, планира да лансира видео и аудио повици, а сопственикот на Икс, Илон Маск, се трка да изгради „апликација за сè“ за да остане пред конкуренцијата на Тредс (Threads) во сопственост на платформата Мета, пишува Ројтерс.

Маск преку статус на Икс соопштува дека на корисниците нема да им треба телефонски број за функциите што ќе бидат достапни на Епл, Андроид и на персоналните компјутери.

Откако го ребрендираше Твитер во Икс, Маск објави дека има за цел да ја претвори платформата во супер апликација која нуди низа услуги, од пораки и социјално вмрежување до меѓусебни плаќања.

Во својот статус на Икс, Маск тврди дека платформата ќе претставува „ефективен глобален адресар“.