fbpx

Ковачевски: За прв пат во еден официјален документ ќе има јасна дистинкција меѓу македонски и бугарски народ

„Тоа е спротивно на поранешните тези кои беа пласирани од страна на голем број на политичари од соседството“, рече премиерот

-

Премиерот Димитар Ковачевски, во врска со процесот што се води во Собранието за уставните измени, во интервју за ТВ 21 посочи дека тие не задираат во ниту едно идентитетско прашање на македонскиот народ, соопшти владата.

„..со вклучувањето и на други делови од народи, се прави јасна дистинкција меѓу македонскиот народ со сите негови обележја, јазик, култура, идентитет и другите народи вклучително и бугарскиот јазик. За прв пат ние ќе имаме во еден документ, официјален каде што ќе стои македонски народ и бугарски народ. Тоа е спротивно на поранешните тези кои беа пласирани од страна на голем број на политичари од соседството“, рече премиерот Ковачевски.

Како што рече тој, секогаш државата ја воделе две јасни цели во поглед на нејзиното меѓународно етаблирање – членството во НАТО и членството во ЕУ.

„Ние таа јасна визија не смееме да ја изгубиме бидејќи граѓаните сакаат да видат држава која е дел од ЕУ“, порача премиерот.

Тој потенцираше дека постои момент на проширување на ЕУ поради геополитичката ситуација по војната во Украина, со јасни пораки во однос на проширувањето во ЕУ какви што немало во минатото.

„Преговарачката рамка е усвоена од 27 земји членки, одобрена и доставена до Република Северна Македонија. Ние ја прифативме со гласање во Собранието со соодветни заклучоци, до кои заклучоци се придржува оваа Влада и сите други влади во иднина ќе се придржуваат. Затоа, имаме простор за процесот, да може секој пратеник во Собранието да одлучува согласно волјата и визијата на граѓаните што ја застапиле. 80, и над 80 отсто од граѓаните на државата сакат да живеат во ЕУ, сакаат државата да биде дел од ЕУ“, порача премиерот Ковачевски во вечерашното телевизиско интервју за ТВ21.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...