fbpx

Два борбени авиони Ф16 пресретнале цивилно летало во забранета зона каде што летува Џо Бајден

Два авиона Ф16, како и хеликоптер на американската крајбрежна стража биле ангажирани во одговор на прекршувањето на воздушниот простор од страна на цивилен воздухоплов во близина на местото каде што летува престедателот на САД

-

Американски воени борбени авиони реагираа на цивилен воздухоплов кој „ја прекршил зоната за привремено ограничување на летовите“ во близина на езерото Тахо, Невада, каде што летува претседателот на САД Џо Бајден, се вели во соопштението на Командата за воздушна одбрана на Северна Америка.

Како што објави Си-ен-ен, два авиона Ф-16, како и хеликоптер на американската крајбрежна стража биле ангажирани во одговор на прекршувањето од страна на цивилен воздухоплов што се случило околу 7:50 часот наутро по локално време во петокот.

Според НОРАД (Северноамерканската команда за воздушна одбрана), воените авиони испалиле сигнали за да го привлечат вниманието на пилотот, а леталото било придружувано надвор од областа.

„За време на овој настан, борбените авиони испалиле сигнали за против воздушна одбрана – кои можеби беа видливи за јавноста – за да го привлечат внимание од пилотот“, се вели во соопштението на НОРАД. „Сигналите беа употребени со најголема грижа за безбедноста на пресретнатиот авион и луѓето на теренот. Нивниот пламен изгоре брзо и целосно и нема опасност за луѓето на теренот“.

Белата куќа соопшти дека „ситуацијата е решена без инциденти“ и дека нема влијание врз претседателот.

Сличен инцидент се случи минатото лето додека Бајден летуваше во Рехобот Бич, Делавер, соопшти Си-ен-ен. Џо Бајден и првата дама Џил Бајден беа отстранети од нивната резиденција на плажата Рехобот како мерка на претпазливост во тоа време.

Семејството Бајден беше на езерото Тахо во последната недела на одмор.

НОРАД соопшти дека користи „повеќеслојна одбранбена мрежа од радари, сателити и борбени авиони за да ги идентификува авионите и да го одреди соодветниот одговор“.

„Идентификацијата и мониторингот на авионите покажуваат како НОРАД ги извршува своите мисии за воздушно предупредување и воздушна контрола за САД и Канада“, се вели во соопштението.

ИзворСи-ен-ен

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...