fbpx

Седум новозаболени од корона вирус, четворица се од Скопје, вкупниот број е 42 лица

-

Со ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, информираат во Министерството за здравство.

„Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се седум лица, три од Дебар и четворица од Скопје. Со ова, вкупната бројка на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42 лица“, стои во соопштението од министерството.

Само денеска се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија.

„Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови, Министерството за здравство ќе информира во текот на утрешниот ден“, се додава во соопштението.

Mинистерот за здравство Венко Филипче апелираше денеска уште еднаш, сите граѓани да се придржуваат до мерките за превенција, да се држи дистанца, да се мијат раце. Маските на кои пишува дека се за една употреба, да се користат за една употреба. Освен тоа, рече сите да се придржуваат на мерките за самоизолација зашто тоа е клучот за прекин на ширење на вирусот и дека се` е во рацете на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...