fbpx
Свет Страница 784

Свет

Уапсените во Мексико признаа дека извршиле масовно убиство

Тројца припадници на наркобанда, уапсени за време на истрага за исчезнувањето на 43 студенти од мексиканскиот град Игуала, признаа дека убиле голема група луѓе, соопшти државниот обвинител Хесус Муриљо. Тој рече дека тројцата уапсени признале дека запалиле група луѓе, и тоа додека некои од нив...

СЗО: Од ебола починале 4.960 лица

Во Западна Африка бројот на заразени лица од ебола се зголеми на 13.268, што е за приближно 200 лица повеќе од бројот евидентиран во извештајот пред два дена, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО, од ебола починале 4.960 лица, но не се сомневаат дека бројката е...

Педесет држави со резолуција ги осудија нападите врз новинари

Заеднички подготвена резолуција во Обединетите нации, во која се осудуваат нападите врз новинари, како и неуспехот да се казнат одговорните за убиства, тортура, киднапирање и за произволно апсење на медиумски работници, поднесоа речиси 50 држави. Во нацрт-резулуцијата се повикуваат сите 193 држави-членки да направат сè...

Орбан: САД вршат притисок врз Унгарија поради Јужен тек

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, обвини дека САД се обидуваат да влијаат на Унгарија поради енергетските врски со Русија. - САД вршат силен притисок врз Унгарија - изјави Орбан. Според Орбан, САД ја разгледуваат реализацијата на проектот Јужен тек како „зближување на Унгарија со Русија“. - Ние...

Обама ќе испрати уште 1.500 војници во Ирак

Aмериканскиот претседател Барак Обама одобри испраќање уште 1.500 војници за мисија против припадниците на Исламската држава во Ирак. Обама, исто така, побара од Конгресот повеќе од пет милијарди долари за финансирање на борбата против Исламската држава. Белата куќа соопшти дека американските трупи нема да имаат борбена...

Спречен атентат вр кралицата Елизабета Втора

Радикалните исламисти, кои вчера беа уапсени во Лондон, планирале напад врз британската кралица Елизабета Втора, објави „Сан“. Четворицата мажи требало денеска да ја нападнат кралицата со нож, а засега Скотланд јард не ја потврди информацијата на таблоидот. Приведените се на возраст меѓу 19 и 27 години. Според...

Обама од конгресмените ќе бара повеќе пари за борба против ИД

Американскиот претседател Барак Обама на денешната средба со конгресните лидери во Белата куќа треба да разговара за своето барање Конгресот да одобри армиска сила и дополнителни милијарди долари за борба против Исламската држава (ИД). На прес-конференција неделава, Обама најави дека ќе побара од законодавците да...

Кремљ: Се придржуваме кон прекинот на огнот во Украина

Русија се придржува до спогодбата за прекин на огнот на истокот на Украина и сака да одржи дополнителни преговори за да се надградат мировните потези на украинските и на проруските сили, изјави денеска советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Ушаков, кој е советник за надворешни работи, рече...

Шефот на летонската дипломатија јавно призна дека е хомосексуалец

Летонскиот министер за надворешни работи, Едгард Ринкевичс, вчера на „Твитер“ обелодени дека е хомосексуалец. „Со гордост објавувам дека сум геј... Со среќа на сите“, напиша Ринкевичс. Министерството за надворешни работи на Летонија ја потврди автентичноста на твитот. Летонија е една од ретките европски земји во која уставните...

Обама испратил писмо до Иран за заедничка борба против ИСИС

Американскиот претседател Барак Обама му испратил писмо на иранскиот врховен лидер Јаменеи во кое го истакнува заедничкиот интерес на двете земји во борбата против екстремистичкото движење Исламистичка држава, пишува „Вол стрит џурнал“. Весникот, кој се повикува на дипломатски извори, во текстот наведува дека писмото е...

Бугарскиот парламент ја потврди владата на Борисов

Бугарскиот парламент ја потврди малцинската влада на десниот центар, под водство на поранешниот премиер Бојко Босирсов, чија конзервативна партија ГЕРБ победи на предвремените парламентарни избори на 5 октомври. Од вкупно 234 присутни пратеници, 136 се изјаснија во полза на владата на Борисов, кој својот кабинет...

Орбан: САД вршат притисок врз Унгарија поради соработката со Русија

САД вршат притисок врз Унгарија поради нејзината соработка со Русија околу енергетските прашања, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. - САД вршат голем притисок врз Унгарија затоа што имаат погрешен впешаток дека е блиска со Русија - изјави синоќа, во Минхен, Орбан, по средбата со шефот на регионалната баварска влада,...

Силен замјотрес ја погоди Папуа, Нова Гвинеја

Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала изутринава ја погоди  Папуа во Нова Гвинеја. Според податоците од Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 65 километри длабочина, во близина на островот Нова Британија. Засега нема податоци за жртви и за причинета...

САД со порака до косовските лидери: Немојте да упропастите

Амбасадорот на САД во Приштина, Трејси Ен Џејкобсон, денеска го прекрши дипломатскиот протокол за да го изрази незадовлството на САД од косовските политичари кои не можат да се договарат за формирање нова влада. Џејкобсон во дебатата во седиштето на невладината организација „Фољ“ во Приштина, на...

Масовни протести во Брисел поради мерките за штедење, полицијата употреби солзавец

Белгиската полиција употреби солзавец и водени топови во судирот со демонстрантите кои денеска протестираат во главниот град Брисел, пренесуваат светските медиуми. На улиците на Брисел, на протести излегоа најмалку сто илјади луѓе, кои се против владините реформи за слободен пазар и мерките за штедење. Според...

Потпишан договор за формирање влада во Бугарија

Политичката партија Граѓани за европски развој на Бугарија(ГЕРБ), по едномесечни преговори, денеска потпиша договор за формирање малцинска коалициска влада, пренесуваат бугарските медиуми. Според соопштението на бугарски официјални претставници, документот е потпишан во парламентот од лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и од лидерите на пет мали...

Маринецот кој го уби Бин Ладен ќе го открие својот идентитет

Припадникот на специјалната единица на војската на САД, „Морнарички фоки“, кој го уби водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, одлучил да го открие својот идентитет, револтиран поради губењето на здравственото осигурување и пензијата бидејќи предвреме ја напуштил воената служба, пренесуваат светските медиуми. Се очекува...

Горбачов со поддршка за политиката на Путин

Порашениот советски лидер Михаил Горбачов (83), денеска изјавил дека ќе ја брани политиката на рускиот претседател Владимир Путин кога ќе отпатува во Германија на одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, пренесуваат светските медиуми. Според Горбачов, кога станува збор за интересите на Русија, Путин...

Штрајк на германските железничари, хаос на патиштата

Поради штрајкот реагираше и германскара кацеларка Ангела Меркел
Денеска штрајкуваат германските железничари, што предизвика голем метеж на автопатиштата. Поради тоа, пишуваат германските медиуми, во текот на викендот, во Германија ќе има недостиг на бензин. Поради штрајкот, реагираше и германската кацеларка Ангела Меркел, која побара посредник за решавање на проблемот. - Може само да апелирам...

Швајцарија: Свлечиште усмрти мајка и дете

Свлечиште кое прекрило куќа на југот од Швајцарија, усмрти 31-годишна жена и нејзината тригодишна ќерка, соопштија денеска швајцарските власти. Циришкиот весник „20 минутен“ на својата веб-страница објави дека спасувачите ги пронашле жената и детето во урнатините на куќата, во зафрлен дел во близна на Лугано. Полицајци, пожарникари и спасувачи со...

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...