САД вршат притисок врз Унгарија поради нејзината соработка со Русија околу енергетските прашања, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– САД вршат голем притисок врз Унгарија затоа што имаат погрешен впешаток дека е блиска со Русија – изјави синоќа, во Минхен, Орбан, по средбата со шефот на регионалната баварска влада, Хорс Зехофер.

Орбан истакна дека неговата политика „не е проруска, туку проунгарска“. Енергетскиот избор на Унгарија, нагласи тој, е насочен кон „зајакнување на општествената компетитивност“, истовремено „намалувајќи ја нејзината зависност“.

Според Орбан, американското незадоволство е поврзано со поддршката на Будимпешта на планот за изградба на гасоводот Јужен тек на руски „Газпром“.