fbpx
Свет Страница 785

Свет

Лидерот на Исламска држава тешко ранет

Абу Бакр ал-Багдади, лидер на Исламската држава ( ИД), е тешко ранет при нападот што американските воени авиони го извршиле на местото каде што се одржувал состанок. - Абу Бакр ал-Багдади е тешко ранет и се бори за живот, по саботниот напад, во кој исфрлените бомби...

Илјада демонстранти на улиците на Хонг Конг

Околу илјада демонстранти маршираа денеска до кабинетот на кинеската влада во Хонг Конг, барајќи измена на регулативите за избор на лидер во тој град. Демонстрантите, меѓу кои најбројни се студентите, од 28 септември се на улици во Хонг Конг и блокираат три главни раскрсници во таа азиска финансиска...

Симболичен референдум за независност во Каталонија

Денеска регионалните националистички власти на Каталонија спроведуваат „симболично изјаснување за независност“. На ова изјаснување, кое нема никакво правно значење, околу 5,4 милиони Каталонци треба да се изјаснат дали се за отцепување на регионот од Шпанија. На референдумот, што и покрај противњето на Мадрид го организира...

25 години од падот на Берлинскиот ѕид

Германија денеска ја одбележува 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Се очекува еден милион луѓе  да учествуваат на прославите во германскиот главен град, кои вклучуваат концерт и огномет. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека незадржливиот копнеж за слобода довел до рушење на ѕидот и го нарече „чудо“...

Во Северна Кореја ослободени последните американски заробеници

Американските државјани Кенет Беј и Метју Тод Милер можат да ја напуштат Северна Кореја и наскоро ќе се вратат дома, соопшти американската влада. Авионот со ослободените американски државјани е на пат кон САД. Минатиот месец Северна Кореја го ослободи Американецот Џефри Фоул. Претходно, Пјонгјанг го осуди...

Исламската држава употребува хемиско оружје

Постојаниот претставник на ОН во Сирија, Башар Џафари, обвини дека Исламската држава употребува хемиско оружје во борбата за Кобане. – ИД употребува оружје со хемиски боеви глави против курдските борци, кои го бранат сирискиот град, во близина на границата со Турција - рече Џафари. Џафари го повика...

Индија тестираше балистичка ракета

Индија денеска изврши ново успешно тестирање на балистичка ракета со среден дострел од типот „агни-2“, која е способна да носи нуклеарна боева глава, соопштија индиските вооружени сили. Ракетата, која е дел од оружјето на индиската армија, била лансирана од полигон на островот Вилар во Бенгалскиот...

Умерен земјотрес во Грција

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала ноќеска го погоди западниот дел на Грција. Засега нема информации за настрадани и за причинета материјална штета. Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека епицентарот на потресот бил западно од јонскиот остров Кефалонија, на длабочина од пет...

Уапсен Драгослав Космајац

Српската полиција го уапси Драгослав Космајац во неговиот стан во Белград, а заедно со него, приведени се уште седум лица. Како што објави српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, на вонредна прес-конференција утрово, полициската акција била резултат на четиримесечна истрага. Сите уапсени се државјани...

Ал Каеда со обид за убиство на амбасадорот на САД во Јемен

Ал Каеда соопшти дека се обидела да го убие американскиот амбасадор во Јемен, но дека „двете поставени експлозивни направи биле откриени неколку минути пред активирањето“. Во соопштнието објавено на исламистичката веб-страница „Ансар ал Шарија њуз“, Ал Каеда тврди дека двете бомби биле поставени пред домот на претседателот...

ОБСЕ: Конвои со тешко оружје се движат во Источна Украина

Набљудувачите на ОБСЕ забележале колони со воена опрема како се движат низ територијата во источниот дел на Украина, контролиран од проруските сепаратисти. Организацијата за безбедност и соработка изрази загриженост за конвојот кој се движел кон градот Донецк, во близина на Макивка. Русија негира поддршка на бунтовниците со...

„Патот на свилата“, нов проект на Кина

Кина ќе издвои 40 милијарди долари за основање инфраструктурен фонд „Патот на свилата“, соопшти кинескиот претседател Си Џипинг. Целта на фондот, како што истакнува Џипинг, е да се засили поврзаноста во Азија. Фондот „Патот на свилата“ ќе биде отворен и ги повикува инвеститорите од Азија...

Новиот комесар на ЕУ ќе ја заобиколи Македонија во првата посета

Јоханес Хан, новиот комесар на Европска Унија надлежен за соседска политика и за преговори за проширување, веќе го насочи вниманието кон земјите од Западен Балкан, по само една недела на должност. Во првата посета на регионов, Хан ќе ги посети Србија и Црна Гора, но...

Австралискиот премиер Абот ќе се сретне со рускиот претседател Путин

Австралискиот премиер Тони Абот изјави ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Пекинг, со кого ќе има искрен разговор за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“. Кремљ на 7 ноември потврди дека Путин се согласил да се сретне со Абот, кој...

Могерини: Палестинска држава е неопходна

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, Федерика Могерини, при првата посета на појасот Газа се заложи за независна палестинска држава. - Палестинска држава е неопходно да има, таква е целта. Таа позиција ја делат сите во Европска Унија -  изјави Могерини...

Ќе се обноват летовите меѓу Србија и Хрватска

Србија и Хрватска ќе ги продолжат летовите помеѓу нивните главни градови во декември, 23 години откако тие беа прекинати. Во соопштението на српскиот национален авиопревозник „Ер Србија“ се вели дека лансирањето на дневните летови помеѓу Белград и Загреб почнуваат на 12 декември. Главниот извршен директор...

Вагони од товарен воз излетале од шини

Празни вагони од товарен воз на железничка линија меѓу Атина и Солун излетале од шини, но жртви нема, јавија грчки медиуми. Запрено е движењето на таа железничка линија во Грција, а патниците кои ја користат таа линија се превезуваат со автобуси. Инцидентот се случил во реонот...

Нови ограничувања за автомобилите во Њујорк

Властите во Њујорк ги зголемија ограничувањата на брзината на движење на автомобилите во градот за да се намали бројот на сообраќајни несреќи. Возачите ќе може да се движат со автомобилите со брзина од 25 милји на час (околу 40 км/час). Само во некои поголеми улици возачите...

Камшик за тие што ќе чуваат мајмун или куче во Иран

Сите што ќе чуваат куче или мајмун во Иран ќе бидат казнети парично и со удари со камшик, објави италијанскиот весник „Стампа“. Триесетина пратеници конзервативци поднеле во парламентот нацрт-закон со кој ќе се казнуваат луѓето кои купуваат кучиња или мајмуни или кои ги „шетаат“ тие животни...

Берлин слави 25 години од падот на Берлинскиот ѕид

Германија ја почна тридневната прослава за одбележување на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Речиси 7.000 бели балони кои се протегаат од земјата кон 15 километрскиот ѕид беа осветлени во приквечерината на 7 ноември. Советскиот лидер Михаил Горбачов, чија „перестројка“ и реформи помогнаа да се отвори...

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...