fbpx

Австралискиот премиер Абот ќе се сретне со рускиот претседател Путин

-

Австралискиот премиер Тони Абот изјави ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Пекинг, со кого ќе има искрен разговор за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“.

Кремљ на 7 ноември потврди дека Путин се согласил да се сретне со Абот, кој од минатиот месец ветува дека ќе се соочи со рускиот лидер за смртта на Австралијците во трагедијата.

Средбата се очекува да биде на 11 ноември, за време на самитот за Азиско-пацифичка економска соработка. Советникот за надворешната политика на Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека средбата ќе биде кратка. Абот изјави дека ќе побара Русија да се однесува како што ветува, дека целосно ќе соработува со истрагата која е во тек и дека ќе го направи она што може за да се осигури дека правдата е задоволена. Авионот леташе од Амстердам до Малезија, кога беше соборен над територијата во Источна Украина, која е под контрола на сепаратистичките борци, поддржани од Москва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...