fbpx

Ал Каеда со обид за убиство на амбасадорот на САД во Јемен

-

Ал Каеда соопшти дека се обидела да го убие американскиот амбасадор во Јемен, но дека „двете поставени експлозивни направи биле откриени неколку минути пред активирањето“.

Во соопштнието објавено на исламистичката веб-страница „Ансар ал Шарија њуз“, Ал Каеда тврди дека двете бомби биле поставени пред домот на претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур Хади, и требало да бидат активирани во четвртокот, кога американскиот амбасадор Метју Тјулер излегувал од зградата, по средба со шефот на јеменската држава.

Јеменските валсти засега не ги коментираа вакавите тврдења на Ал Каеда.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...