fbpx
Свет Страница 786

Свет

(ВИДЕО) Терористички напад во Харков

Украинските власти денеска отворија истрага за тероризам, по бомбашкиот напад во Харков, при кој беа повредени 11 лица. Бомбашкиот напад во Харков, град во Источна Украина, е прв поголем напад од почетокот на судирите со проруските бунтовници. Најмалку 11 лица се повредени во синоќешната експлозија на...

Ранет е лидерот на ИСИС

Лидерот на Исламистичка држава Абу Бакр ел-Багдади наводно е ранет во воздушниот напад во провинцијата Анбар, но засега не се знае колку сериозни се повредите, велат ирачките служби. Двајца ирачки претставници и ирачката државна телевизија објавија дека во еден од воздушните напади е ранет лидерот...

Почина жената која се самозапали пред зградата на претседателот на Бугарија

Почина 38-годишната Лидија Петрова, фоторепортерка која минатата недела се самозапали пред зградата на претседателот на Бугарија. Жената подлегнала на повредите во болница во текот на изминатата ноќ. Во понеделникот минатата недела, Лидија Петрова беше примена во болница со тешки изгореници од 90 проценти од телото.

Бомбашки напад во училиште во Нигерија, најмалку 48 ученици загинаа

Во денешната експлозија на бомба, во средно училиште во градот Потискум, североисточна Нигерија, загинаа најмалку 48 ученици. - Бомбата експлодирала за време на утринскиот собир на учениците, пред почетокот на наставата. Експлозијата погоди многу ученици, но не можам да кажам колку бидејќи сега ги евакуираме...

Рама во Белград пречекан со највисоки државни почести

Албанскиот премиер Еди Рама во Белград беше пречекан со највисоки државни почести. Тоа е прва посета на еден албански државник на Србија по 68 години. Претпладнево пред Палатата на Србија, Рама беше пречекан од неговиот домаќин, српскиот премиер Александар Вучиќ. Според протоколот, беа интонирани химните...

Арабијките конечно ќе смеат да возат автомобил

Советодавното собрание на Саудиска Арабија, кое го именува кралот, ѝ предложи на владата да ја укине забраната со која на жените не им беше дозволено да управуваат со автомобил. Сепак, во препораката се нотирани услови со кои се сугерира ова олеснување да не важи за...

Средба Путин – Абе

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пекинг се сретна со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, пренесе ИТАР ТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Двајцата лидери ја разгледале ситуацијата во Украина, работата врз мировниот договор меѓу Русија и Јапонија и шансите за посета на...

Обама ја почна азиската турнеја

Претседателот на САД, Барак Обама, со посетата на Пекинг ја почна турнејата во Азиско-пацифичкиот регион. Тој утринава се обрати на отворањето на средбата на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), а вечерва ќе има работна вечера со клучни лидери од Азија. Се очекува Обама да се сретне со...

Денеска во Пекинг почна самитот на АПЕК

Во главниот град на Кина, Пекинг, денеска почна средбата на лидерите на земјите-членки на Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК). Домаќин на средбата, на која присуствуваат лидерите на 21 држава, е кинескиот претседател Кси Џинпинг. Меѓу присутните се и рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Барак...

Историска средба: Рама во четири очи со Вучиќ

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска ќе престојува во Белград. Првата закажана посета минатиот месец беше откажана по инцидентот на натпреварот на фудбалските репрезентации на Србија и на Албанија во Белград. Предвидено е тој да разговара со српскиот премиер Александар Вучиќ, по што е најавена...

Се урна авион на Бахами, сите девет патници загинаа

При вчерашното уривање на авион на Бахами, загинаа сите девет патници и членови на екипажот. Авионот „лир 36 егзекјутив џет“ полетал од главниот град на Бахамите, Насау, и се урнал околу 17 часот по локално време, при слетувањето на меѓународниот аеродром „Гран Бахами“, соопшти бахамското министерство...

Резултати од симболичниот референдум: Каталонците сакаат независност

Повеќе од 80 отсто од гласачите во Каталонија се изјасниле за назависнот, покажуваат првичните резултати. Овие резултати биле објавени по обработени 88,4 проценти од гласовите. Според ова, 1,649.239 Каталонци гласале со „да“ на двете прашања: „Сакате ли Каталонија да биде држава?“, и „Ако да, сакате ли да...

Демонстрантите ја нападнаа зградата на владата во Чилпансинго во Мексико

Стотина демонстранти во мексичката држава Гереро ја нападна зградата на владата во главниот град Чилпансинго, палејќи притоа автомобили по улиците. Демонстрантите ја обвинуваат владата за вмешаност и убиство на 43 студенти во градот Игуала во септември. Протестите следат по изјавите на државниот обвинител Хесис Муриљо Карам...

Меркел: Падот на Берлинскиот ѕид е пример за желба за слобода

Германската канцеларка Ангела Меркел во говорот по повод одбележувањето од 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид оцени дека тој настан е пример за желбата на луѓето за слобода и им оддаде почест на оние кои помогнаа во уривањето на ѕидот, кој 28 години беше...

Лидерот на Исламска држава тешко ранет

Абу Бакр ал-Багдади, лидер на Исламската држава ( ИД), е тешко ранет при нападот што американските воени авиони го извршиле на местото каде што се одржувал состанок. - Абу Бакр ал-Багдади е тешко ранет и се бори за живот, по саботниот напад, во кој исфрлените бомби...

Илјада демонстранти на улиците на Хонг Конг

Околу илјада демонстранти маршираа денеска до кабинетот на кинеската влада во Хонг Конг, барајќи измена на регулативите за избор на лидер во тој град. Демонстрантите, меѓу кои најбројни се студентите, од 28 септември се на улици во Хонг Конг и блокираат три главни раскрсници во таа азиска финансиска...

Симболичен референдум за независност во Каталонија

Денеска регионалните националистички власти на Каталонија спроведуваат „симболично изјаснување за независност“. На ова изјаснување, кое нема никакво правно значење, околу 5,4 милиони Каталонци треба да се изјаснат дали се за отцепување на регионот од Шпанија. На референдумот, што и покрај противњето на Мадрид го организира...

25 години од падот на Берлинскиот ѕид

Германија денеска ја одбележува 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Се очекува еден милион луѓе  да учествуваат на прославите во германскиот главен град, кои вклучуваат концерт и огномет. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека незадржливиот копнеж за слобода довел до рушење на ѕидот и го нарече „чудо“...

Во Северна Кореја ослободени последните американски заробеници

Американските државјани Кенет Беј и Метју Тод Милер можат да ја напуштат Северна Кореја и наскоро ќе се вратат дома, соопшти американската влада. Авионот со ослободените американски државјани е на пат кон САД. Минатиот месец Северна Кореја го ослободи Американецот Џефри Фоул. Претходно, Пјонгјанг го осуди...

Исламската држава употребува хемиско оружје

Постојаниот претставник на ОН во Сирија, Башар Џафари, обвини дека Исламската држава употребува хемиско оружје во борбата за Кобане. – ИД употребува оружје со хемиски боеви глави против курдските борци, кои го бранат сирискиот град, во близина на границата со Турција - рече Џафари. Џафари го повика...

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...