fbpx

Денеска во Пекинг почна самитот на АПЕК

-

Во главниот град на Кина, Пекинг, денеска почна средбата на лидерите на земјите-членки на Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК).

Домаќин на средбата, на која присуствуваат лидерите на 21 држава, е кинескиот претседател Кси Џинпинг. Меѓу присутните се и рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Барак Обама.

Дводневната средба во Пекинг е посветена на зајакнување на соработката, поголема економска интеграција и на нови трговски правила.

Водечки земји во АПЕК се САД, Кина и Јапонија. Регионот продуцира приближно половина од светската трговија и 57 проценти од светскиот домашен бруто-производ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...