Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пекинг се сретна со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, пренесе ИТАР ТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Двајцата лидери ја разгледале ситуацијата во Украина, работата врз мировниот договор меѓу Русија и Јапонија и шансите за посета на рускиот претседател на Јапонија.

Путин и Абе се сретнаа на самитот на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), што денеска почна во кинеската престолнина.

Двајцата ја потврдиле „подготвеноста да продолжат со контактите за сите активности, вклучувајќи го и продолжувањето на работата врз мировниот договор“.