fbpx
Свет Страница 787

Свет

Владата на Хрватска распиша претседателски избори

Своја кандидатура најави и сегашниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ
Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 28 декемрви, а доколку има втор круг, тој ќе биде одржан на 11 јануари следната година. Ова го потврди портпаролот на владата, Никола Јелиќ, а формалната одлука владата ќе ја донесе на седница следниот четврток. Кандидатури за шестите...

Џон Ален: Ќе ги победиме џихадистите во Кобане

Џихадистите на Исламска држава самите се доведоа во позиција да бидат лесна мета, доведувајќи ги своите борци во сирискиот град Кобане, соопшти пензиониранит американски генерал Џон Ален. - На тој начин меѓународната коалиција можеше да ги бомбардира - додаде Ален. Ален, кој е координатор на коалицијата...

ОН: Околу 1.000 лица загинаа за време на примирјето во Украина

Речиси 1.000 лица се убиени во Украина од потпишувањето на примирјето меѓу Киев и проруските активисти, а бројот на раселените е речиси двојно поголем, соопштија Обединетите нации. Во просек, од 5 септември, откога примирјето стапи на сила, во текот на осумте недели, по 13 лица гинат...

Постигнат договор: Иса МУстафа е новиот премиер на Косово

Лидерите на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи, и на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, постигнаа договор Мустафа да биде на чело на коалициската влада, а претседателот на собранието да биде од редовите на ДПК, јавуваат косовските медиуми. Договорот за формирање влада е постигнат...

ЕУ: Јоханес Хан ќе ѝ помага на Србија да привлече странски инвестиции

Новиот еврокомесар за претпристапни прговори, Јоханес Хан, ја оствари својата прва посета во регионот на Западен Балкан, во Србија, каде се сретна со премиерот Александар Вучиќ. На нивната заедничка прес-конференција, еврокомесарот најави дека многу често ќе ја посетува Србија и дека ќе организира инвестициска конференција...

(ВИДЕО) Пукано на конвој на ОБСЕ во Источна Украина

Униформирани лица на истокот на Украина вчера стрелаа на конвојот на меѓународните набљудувачи на Организацијата за европска безбедност и соработка, соопштија денеска од ОБСЕ. Во соопштението се наведува дека униформираните мажи двапати пукале во возилата во движење, во близина на градот Маринка, кој е под контрола...

Пушков: ЕУ ја уценува Србија

Европска Унија, уценувајќи ја Србија, сака да постигне и таа да се приклучи кон санкциите против Русија, изјави претседавачот со Одборот за надворешни работи на Думата, Алексеј Пушков. - ЕУ сака да постигне и Србија, која не е членка на ЕУ, да се приклучи кон...

(ВИДЕО) Пукање на Универзитетот „Флорида“, убиен е напаѓачот

Три лица се ранети при пукање во кампус на Државниот универзитет „Флорида“ во Талахаси. Напаѓачот е убиен, откако сттрелал во полицијата, јавува „Си-Ен-Ен“. Според информациите на американската телевизиска куќа, едно рането лице е во критична состојба. - Двајца ранети во пукањето се пренесени во болница. Еден од...

САД: Снежното невреме го зароби Бафало

Нови снежни врнежи ја погодија сојузната американска држава Њујорк. Најтешка е ситуацијата во градот Бафало, кој е речиси „заробен“ во снег, чија висина достигна до 2,4 метри. Метеоролозите предвидуваат дека врнежите ќе продолжат. Најмалку седум лица починале како последица на невремето на североистокот на САД,...

БИХ: Покренати три обвиненија за геноцид

Обвинителството на Босна и Херцеговина подигна обвинение против три лица кои се товарат за геноцид. Станува збор за обвинети кои за време на геноцидот во Сребреница, вршеле високи должности во полициските структури, соопшти портпаролот на обвинителството на БИХ, Борис Грубешиќ, притоа наведувајќи дека во текот на...

Четири талибанци убиени при напад во Кабул

Четири талибанци синоќа се убиени за време на напад на станбен објект за странски работници во главниот авганистански град Кабул. Еден напаѓач загина при активирање на експлозив во возило во близина на капијата на „Грин вилиџ“ во источниот дел на градот, додека останатите тројца екстремисти...

Уапсен пред Белата куќа ппоради нелегално поседување пушка

Четириесет и едногодишен маж е уапсен пред Белата куќа, откако во неговиот автомобил е пронајдена пушка и поголемо количество муниција. Уапсениот, во средата, му пришол на полицаец во цивилна облека пред Белата куќа и му соопштил дека некој во Ајова му рекол да дојде пред...

Тројца повредени на студентските протести во Лондон

Студентите во Лондон протестираат против зголемување на школарината
На студентските протести во центарот на Лондон дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, во кој полесено се повредени тројца полицајци. Неколку илјади студенти протестираа, противејќи се на зголемувањето на школарината. Полицијата уапсила група студенти откако се оделиле од маршот и ја пробиле заштитната...

Снежно невреме ги погоди САД

Јужно од Бафало за помалку од 24 часа наврнал еден ипол метар снег
Најмалку седум лица го загубиле животот во снежната бура што го зафати североистокот на САД. Пет од починатите се од Бафало, вториот по големина град во сојузната американска држава Њујорк. Температурата во сите сојузни држави била нула Целзиусови степени, а на некои места се измерени...

Бандиќ ја плати кауцијата од два милиони евра и излезе од притвор

Милан Бандиќ и вечерва излезе од затворот во Реметинец
Загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ ја уплати кауцијата од околу два милиони евра (15 милиони куни) и вечерва излезе од затворот во Реметинец. Тој, пред истражниот судија, вети дека нема да влијае врз сведоците. По излегувањето од затворот, Бандиќ не сакал да дава никакви изјави,...

Израел урива домови на палестински екстремисти

Израелската војска утринава јa урна куќата на Палестинецот што во октомври, со автомобил, влета во група лица на железничката станица во Ерусалим, убивајќи тримесечно бебе и една жена. Казнениот потег следеше откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека ќе победи во „борбата за Ерусалим“, по вчерашниот...

ЕУ: Истрага за корупцијата во ЕУЛЕКС на Косово

Европската посредничак Емили О’Рајли, најави отворање на независна истрага на нејзините служби за наводите за корупција на мисијата на Европската Унија на Косово, ЕУЛЕКС, дознаваат европските медиуми, кои го објавија нејзиното писмо испратено минатиот петок до надлежните во европската служба за надворешна акција, ЕЕАС. Во писмото О’Рајли...

Сенат: Нема дебата за ставање крај на прислушувањето

Американскиот сенат ја блокираше расправата за предлог-законот за ставање крај на масовното собирање податоци за телефонските повици во САД, кое го врши Националната безбедносна агенција (НСА). Ваквиот чекор претставува силен удар за напорите на претседателот Барак Обама да го ограничи масовното прислушување во земјата. За...

Египќанка почина од птички грип

Уште една Египќанка почина од птички грип, што е втор случај во последните 48 часа, јавуваат египетските медиуми. Како што соопшти Министерството за здравство на Египет, станува збор за 30-годишна жена од провинцијата Минај, јужно од Каиро, која била во контакт со заразена живина. Египетските...

Кубански лекар заразен од ебола

Кубански лекар во Сиена Леоне е заразен со вирусот ебола, соопштија кубанските медиуми. Лекарот Феликс Баес Сариу е еден од 165 лекари и медицински персонал што ги лекуваа заболените британските лекари во Африка. Сариус, по препорака на Светската здравствена организација, ќе биде префрлен на специјално одделение...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...