fbpx

ЕУ: Јоханес Хан ќе ѝ помага на Србија да привлече странски инвестиции

-

Новиот еврокомесар за претпристапни прговори, Јоханес Хан, ја оствари својата прва посета во регионот на Западен Балкан, во Србија, каде се сретна со премиерот Александар Вучиќ.

На нивната заедничка прес-конференција, еврокомесарот најави дека многу често ќе ја посетува Србија и дека ќе организира инвестициска конференција за привлекување странски инвеститори, додавајќи дека тоа ќе помогне да се турне српската економија напред.

Хан оцени дека Србија претставува „столб на стабилност“ во регионот и „модел“ преку своето однесување.

Еврокомесарот не сакаше да шпекулира со датуми за отворање поглавја во преговорите со Србија, но изрази увереност дека тоа ќе се случи „во наредните седмици или месеци“.

Се очекува Белград да почне со поглавјата поврзани за правда и за внатрешни работи, како што тоа го налага новата методологија во претпристапните преговори со ЕУ, бидејќи овие поглавја се сметаат за најтешки.

За време на средбата со српскиот премиер, европскиот комесар не ја отворил темата за санкциите против Русија и за украинската ситуација, но Вучиќ потврди дека му го повторил „истото што и на сите соговорници“.

– Србија нема две или три политики на оваа тема. Никому не сакаме да се додворуваме затоа што водиме политика во интерес на граѓаните, а наша стратегиска цел е патот кон ЕУ – рече Вучиќ.

Комесарот Хан, пак, потврди дека не ја отворил темата проактивно затоа што ги следел изјавите на Вучиќ.

Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...