fbpx

САД: Снежното невреме го зароби Бафало

-

Нови снежни врнежи ја погодија сојузната американска држава Њујорк. Најтешка е ситуацијата во градот Бафало, кој е речиси „заробен“ во снег, чија висина достигна до 2,4 метри. Метеоролозите предвидуваат дека врнежите ќе продолжат.

Најмалку седум лица починале како последица на невремето на североистокот на САД, од кои пет во Бафало, а две во државите Њу Хемпшир и Мичиген.

Луѓето не можат да ги напуштат своите домови, а повеќе од 100 автомобили се целосно заглавени на главниот автопат. Училиштата се затворени поради неверемето.

Женскиот кошаркарски тим на Универзитетот Нијагара, 30 часа е заглавен во автобус.

Метеоролозите предвидуваат дека денеска дополнително ќе наврне уште еден метар снег.

Повеќе од 100 припадници на Националната гарда помагаат во расчистувањето на снегот од патиштата и во отстранување на напуштените возила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...