Aмериканскиот претседател Барак Обама одобри испраќање уште 1.500 војници за мисија против припадниците на Исламската држава во Ирак.

Обама, исто така, побара од Конгресот повеќе од пет милијарди долари за финансирање на борбата против Исламската држава.

Белата куќа соопшти дека американските трупи нема да имаат борбена улога во Ирак, туку ќе советуваат и ќе помагаат на ирачките и на курдските сили.

Обама одобрил дополнителните сили да оперираат во ирачките воени објекти во предградијата на Багдад и на Ербил, додека досега испратените сили се активни само во заедничкиот координативен центар во кој имало и припадници на ирачката армија.