Кремљ: Се придржуваме кон прекинот на огнот во Украина

Јури Ушаков, советник за надворешна политика на Кремљ

Русија се придржува до спогодбата за прекин на огнот на истокот на Украина и сака да одржи дополнителни преговори за да се надградат мировните потези на украинските и на проруските сили, изјави денеска советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Ушаков, кој е советник за надворешни работи, рече дека Русија ја „почитува“ волјата на гласачите по изборите на истокот на Украина, кои Западот ги смета за нелегитимни.

– Официјалниот став на Русија во врска со резултатите од изборите во Донбас (Донецк и Луганск) е изразен на компактен начин, но либерален. Употребен е зборот „почитуваме“ – рече Ушаков, чија изјава ја пренесе РАИ „Новости“.

На прашањето дали изразот „почитуваме“ и „признаваме“ може да се користат заедно кога станува збор за неодамнешните избори на истокот на Украина, Ушaков одговори дека тоа се „различни зборови“

– Зборот „почитуваме“ е избран намерно – рече претставникот на Кремљ.