Резолуцијата мора да ја усвои одбор за човекови права, а потоа да биде усвоена од Генералното собрание

Заеднички подготвена резолуција во Обединетите нации, во која се осудуваат нападите врз новинари, како и неуспехот да се казнат одговорните за убиства, тортура, киднапирање и за произволно апсење на медиумски работници, поднесоа речиси 50 држави.

Во нацрт-резулуцијата се повикуваат сите 193 држави-членки да направат сè за да се спречи насилството, заканите и нападите против медиумите.

Во текстот се повикува на брза и независна истрага за напади врз новинари и се бара судска разврска за извршителите. Во нацрт-резолуцијата се бара итно одлободување на медиумски работници кои се држат како заложници.

Резолуцијата мора да ја усвои одбор за човекови права, а потоа да биде усвоена од Генералното собрание.