петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: држави | 17 резултати

Советот за безбедност на ОН има шест нови земји-членки

јануари 2, 2018

Советот за безбедност на Обединетите Нации има шест нови членки Екваторска Гвинеја, Брегот на Слоновата Коска, Холандија, Кувајт, Перу и Полска. Знамињата на овие земји, денеска беа поставени пред седиштето на ОН во Њујорк. Египет, Јапонија, Сенегал, Украина и Уругвај го завршија својот мандат минатата година. Советот за безбедност на ОН има 15 членки помеѓу […]

Казахстан предлага „исламски Г-20“

септември 10, 2017

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев денеска излезе со иницијатива петнаесетте најразвени држави од Организацијата за исламска соработка да создадат форум за развој на науката и економијата налик на Г-20. Назарбаев предлогот го даде на самитот за наука и технологија на ОИС во Атана, јави ТАСС. – Сметам дека треба да создадеме форум, како Г-20, неофицијална група […]

СДСМ: Пресудите против Ристески и Панов се доказ за коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

август 20, 2017

Судските пресуди против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и Александар Панов се првите институционално потврдени докази за децениското криминално, коруптивно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ на секое ниво на власт, се вели во утринското соопштение на СДСМ. Во него се додава дека „ВМРО-ДПМНЕ веќе има двајца градоначалници кои се осудени за несовесно и неодговорно владеење“. […]

Светска банка ќе издвои 57 милијарди долари за Африка

март 20, 2017

Светска банка соопшти дека ќе издвои околу 57 милијарди долари за инвестиции во следните три години во државите во Африка. Најголем дел од тие средства, 45 милијарди долари, ќе ги издвои Агенцијата за меѓународен развој во рамките на Светска банка, која ќе дава бескаматни кредити на најсиромашните земји. Претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким, […]

Велика Британија ќе воведе такса за работниците од ЕУ

јануари 11, 2017

Британската влада сака да воведе такса од 1.000 фунти за секој британски работодавец што ќе вработи работник кој потекнува од некоја од земјите членки на Европска Унија. Британскиот министер за миграција, Роберт Гудвил, пред Горниот дом на британскиот парламент истакнал дека е можно воведување на такса за работниците од ЕУ. Гудвил истакнал дека ќе има програми кои […]

Американците утре ќе гласаат за нов претседател

ноември 7, 2016

Утре 225 милиони Американци ќе гласаат за нов претседател, а ќе победи кандидатот кој ќе освои 270 електорски гласа, апсолутно мнозинство од 538. Во трка се демократската кандидатка Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп. Изборите се одржуваат во вторникот по првиот понеделник во ноември, на секои четири години, а гласањето е во еден круг во секоја […]

Мароко по 40 години повторно сака членство во Африканската унија

септември 23, 2016

Мароко поднесе официјално барање за приклучување кон Африканската унија (АУ) по 40 години, соопшија денеска од таа организација. Мароко е единствената африканска земја која не е членка на таа организација, која ја сочинуваат 54 држави. Властите во Рабат ја напуштија организацијата во 1975 година поради спорот околу Западна Сахара, која АУ ја смета за независна држава, […]

Самит посветен на бегалската криза ќе се организира во ОН, в понеделник

септември 16, 2016

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ќе организира самит посветен на бегалската криза во седиштето на ОН во Њујорк на 19 септември, в понеделник. На самитот ќе се разговара за стратегијата за дејствување на државите на интернационално ниво, во врска со овој глобален проблем. На овој настан ќе присуствуваат и претставници од Меѓународната организација СОС […]

Во Германија се доселиле рекорден број државјани од земјите членки на ЕУ

јули 2, 2016

Имиграцијата на државјани од земјите членки на Европска Унија во Германија достигна рекордно ниво. Лани, во Германија се доселиле 685.485 државјани на Романија, Полска и на Бугарија, пишува весникот „Велт“, повикувајќи се на официјални статистички податоци. Во Германија во најголем број се доселиле Романци (174.779), Полјаци (147.910), Бугари (71.709) и Хрвати (50.646). Како најголема економска […]

СДСМ: Колку вработувања се спречија со петте милијарди евра што ги изнесе „фамилијата“?

март 24, 2016

„Кумот Ставрески нека каже како заедно со кумашинот Груевски успеаја да изнесат криминално повеќе од 5 милијарди  евра пари на граѓаните надвор од државата и колку уништени вработувања се тоа за луксузите на фамилијата? Како е можно со пад на преработувачката индустрија од 2 отсто на годишно ниво, со пад на земјоделството од 0,7 отсто, со бруто-инвестиции еднакви […]

„Твитер“ предупредува за хакерски напади спонзорирани од држави

декември 14, 2015

„Твитер“ првпат во својата историја објави предупредување до корисниците дека хакери, спонзорирани од држави, се обидуваат да украдат доверливи податоци од нивните компјутери. Во соопштението се наведува дека нема индиции оти хакерите успеале да преземат чувствителни информации од „мала група компјутери“ кои биле мета, а компанијата исто така не понуди детали за нападот или потенцијалните осомничени […]

Педесет држави со резолуција ги осудија нападите врз новинари

ноември 8, 2014

Заеднички подготвена резолуција во Обединетите нации, во која се осудуваат нападите врз новинари, како и неуспехот да се казнат одговорните за убиства, тортура, киднапирање и за произволно апсење на медиумски работници, поднесоа речиси 50 држави. Во нацрт-резулуцијата се повикуваат сите 193 држави-членки да направат сè за да се спречи насилството, заканите и нападите против медиумите. […]

Русија прати помош за борба со еболата во пет африкански држави

октомври 31, 2014

Помош за борба против епидемијата на ебола, испорача Русија во пет африкански држави. Пакетите ги исфрли транспортен авион на руската компанија „Волга-Дњепар“. Се работи за пет контејнери, секој со 18 тони заштитни и други средства, изјави по телефон член на екипажот на авионот од Абиџан, јави ТАСС. Руската помош е испорачана во ДР Конго, Гана, […]

Страна 1 од 1