fbpx

Горбачов со поддршка за политиката на Путин

-

Порашениот советски лидер Михаил Горбачов (83), денеска изјавил дека ќе ја брани политиката на рускиот претседател Владимир Путин кога ќе отпатува во Германија на одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, пренесуваат светските медиуми.

Според Горбачов, кога станува збор за интересите на Русија, Путин е најдобриот човек за нивна одбрана.

Овој викенд, Горбачов ќе престојува во Берлин по повод 25-годишнината од падот на Берлискиот ѕид, симбол на Студената војна, но и, како што пренесуваат светските медиуми, на силната конфронтација меѓу Москва и Западот поради украинската криза.

Горбачов рекол дека е убеден оти кризата во Украина им послужила на САД како изговор да ù се спротистават на Русија.

Вашингтон, како што истакнал Горбачов, има план кој треба да им овозможи на САД секаде да се мешаат, без разлика дали тоа е добро или лошо.

Горбачов, чии реформи придонесоа за падот на Берлинскиот ѕид, во Берлин треба да се состане со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседалот Јоаким Гаук.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...