fbpx
Македонија Страница 1884

Македонија

„Фокус“: Веста за прислушувањето на Борисов и на Расмусен беше првоаприлска шега

Бугарската новинска агенција „Фокус“ вечерва објави дека е првоаприлска шега веста за прислушувањето на бугарскиот премиер и на поранешниот генералниот секретар на НАТО за време на нивните посети во Скопје. „Денеска објавивме вест поврзана со најактуелниот скандал, прислушувањето. Се пошегувавме дека бугарскиот премиер Бојко Борисов...

МВР: Заев откри највисока државна тајна

Денешната конструкција на четвртоосомничениот во аферата „Пуч“, Зоран Заев, ги потврдува сомненијата дека основната цел на агентурната мрежа и останатите инволвирани во случајот е рушење на институциите и на безбедносниот систем на Република Македонија, стои во реакцијата на Министерството за внатрешни работи по прес-конференцијата...

Мијалков: Заев лаже, клевети и конструира

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков,  демантира дека зел провизија за купување опрема за потребите на Министерството за внатрешни работи. - Зоран Заев денеска изнесе огромен број лаги и конструкции со кои повторно му нанесе огромна штета на Министерството за внатрешни работи...

Промовиран владиниот проект за зголемување на вработеноста

Околу 150.000 невработени до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лица повозрасни од 50 години, невработени од ранливите категории граѓани и лицата постари од 58 години, ќе имаат можност да се вработат со мерките предвидени...

Заев: Само пари и моќ им биле важни на Груевски и на Мијалков

„Денеска ќе откриеме уште еден корупциски скандал кој е поврзан со директорот на УБК, Сашо Мијалков, а зад кој стои премиерот Никола Груевски. Во овие разговори не се зборува за шифри. Тука се зборува за реални суми и за бизниси преку Русија и Унгарија. Станува...

На СОС-линијата на Општина Тетово, 111 пријави за аерозагадување

На телефонската СОС-линија на Општина Тетово, која беше воведена минатиот месец, досега има пријавено 111 случаи на аерозагадување. За поголем дел од случаите, тетовскиот инспекторат не постапил затоа што пријавите се однесуваат за територија надвор од Општина Тетово. Педесетина пријави се за Општина Боговиње, а 40 случаи...

Последна опомена за Владата од средношколците

Средношколците денеска вторпат се собраа на протестен марш против лошите реформи во образованието. Тие со извиците „Последна опомена“, „Доста беше молк“, „Не за математика“ го почнаа маршот пред Собранието, па се упатија кон Владата и кон Министерството за образование и наука, каде на функционерите им покажаа...

Под земја, без храна и вода се 150 рудари

Без храна и вода, во рударкото окно, веќе втор ден се 150 рудари од Тораница. Тие одбиваат да излезат додека не им се исплатат платите за февруари. На рударите од прва, втора и од трета смена од вчера, денеска не можеа да им се...

И Борисов и Расмусен биле прислушувани за време на посетите во Македонија

Високи претставници на НАТО и на земји-членки на ЕУ биле прислушувани за време на своите посети во Македонија, изјавил лидерот Зоран Заев за бугарската новинска агенција „Фокус“. На снимените разговори, кои ги поседува Заев, се наоѓал поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, за...

ВМРО-НП: Импресионирани сме од помошта на Владата за ЗИК „Пелагонија“ од четири милиони евра

ВМРО-Народна партија изразува задоволство од брзата реакција на Владата на Република Македонија, која експресно донесе одлука за стопроцентно обештетување на земјоделците од поплавените подрачја од пелагонискиот регион. „Особено сме импресионирани од висината на средствата од повеќе од четири милиони евра што му се доделени само на ЗИК „Пелагонија“, што...

Грчките медиуми го испофалија Иванов за изјавата за СИРИЗА

Изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека спорот за името влегува во нова поинаква фаза и нешто се менува со новата грчка влада, предизвикаа интерес во Грција. Според дел од грчките медиуми, Иванов со оваа изјава ја велича и испраќа пофалби кон владата на Алексис Ципрас. „Претседателот...

Протест на средношколците во Скопје со пароли и со маски

Со пароли и со маски, почна протестот на средношколците пред Собранието на Република Македонија. Од Собранието поворката ќе се упати кон Владата, а потоа и пред Министерството за образование.

Заев во Обвинителството на распит

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, утрово е на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал, во врска со сомневањата за побаран поткуп од 200.000 евра, јавува „Прес 24“ (Press24). Според кривичната пријава на полицијата, градоначалникот на Струмица ја побарал оваа сума пари од извесен струмички...

Денеска ќе пукне петнаесеттата „бомба“ на СДСМ

Денеска, на денот на шегата, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ќе ја објави петнаесеттата „бомба“. „Бомбата“ ја најави Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ. Тој на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша: „На денот на шегата и маските, некои маски сериозно ќе паднат #15“.

Конкурс за државните награди „Мајка Тереза“ и „23 Октомври“

Министерството за култура распиша конкурс за државните награди „Мајка Тереза“ и „23 Октомври“. Конкурсот, соопшти Министерството, трае до 30 април. Текстот на конкурсот може да се најде и на веб-страницата на Министерството за култура.

Средношколски марш во Скопје

На втор протестен марш против, како што велат, лошите образовни реформи, денеска излегуваат средношколците од Скопје. Од „Средношколски пленум“ велат дека нема да подлегнат на притисоци. Во меѓувреме, новоформираната средношколска унија вчера зад затворени врати се сретна со надлежните. Постигната е согласност математиката да не биде...

Времето денеска облачно, со дожд навечер

Наоблачувањето од север ќе продолжи во текот на денот, а попладне и вечерва може да се очекува и слаб дожд во делови од северниот и од западниот регион. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Максималната темпрература ќе биде нешто пониска во...

„Пуч“ и „бомбите“ го приземјија Груевски

По прес-конференцијата на премиерот Никола Груевски, која се одржа на 31 јануари 2015 година, кога и ја најави аферата „Пуч“, целото внимание на Владата, но и на нејзиниот прв човек, се насочи повеќе кон внатредржавните случувања. На сметка на тоа, пак, почна да заостанува агендата...

Заврши заложничката драма во Истанбул, обвинителот е пренесен во болница

По неколку часови неуспешни преговори со киднаперите, вооружени специјалци упаднале во судот во Истанбул и го ослободиле обвинителот Селим Кираз, кој беше киднапиран од припадници на левичарската турска група ДХКП/Ц. Обвинителот со сериозни повреди е пренесен во болница, а киднаперите се застрелани. Обвинителот ја води истрагата...

„Средношколски пленум“: Продолжуваме погласно и посилно од кога било

„Средношколски пленум“ реагира на денешната средба на Министерството за образование и наука со Унијата на средношколци, кои договорија дека математиката нема да биде задолжителна во полагањето на државната матура. Тие велат дека се дополнително изреволтирани од манипулациите и дека ќе продолжат погласно и посилно...

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...