fbpx

Средношколски марш во Скопје

-

На втор протестен марш против, како што велат, лошите образовни реформи, денеска излегуваат средношколците од Скопје.

Од „Средношколски пленум“ велат дека нема да подлегнат на притисоци. Во меѓувреме, новоформираната средношколска унија вчера зад затворени врати се сретна со надлежните.

Постигната е согласност математиката да не биде задолжителен предмет во државната матура за сите ученици, туку само за учениците од природно-математичките гимназии.

Од „Средношколски пленум“ велат дека тие ниту знаат, ниту биле консултирани за средбата која се одржа еден ден пред најавениот протестен марш. Протести најавија и учениците од Тетово и од Прилеп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...