fbpx
Македонија Страница 2032

Македонија

Повеќе од 1.000 битолчани маршираа за чист воздух

„Воздухот е живот, воздухот е право“ и „Ставете ги маските“ се само дел од пораките што ги скандираа битолчани на вечерашниот протест на кој побараа здрава животна средина и чист воздух. На Широк сокак се собраа повеќе од 1.000 граѓани, а меѓу нив и мали деца и...

Вработените во делчевската гимназија се без плата – нема кој да потпише

Училишниот одбор на делчевската гимназијата „Методи Митевски - Брицо“ синоќа не успеа да го реши проблемот со разрешувањето на претходниот директор и со назначувањето нов в.д. директор. Вработените во гимназијата, поради овој проблем, сè уште ја немаат примено септемвриската плата. Училишниот одбор вчера ја завршил...

Во 107 држави породилното го покрива државата, а во 30 работодавците

Ако Владата го прифати предлогот на ФЗОМ, оваа мерка ќе почне да се спроведува на почетокот на 2016 година
Во 107 држави во светот надоместокот за породилното отсуство на трудниците и на мајките го плаќа државата, во 45 тоа го прават работодавците, додека во 30 држави трошоците се поделени меѓу државата и работодавците. Во Словенија, примерот по кој најверојатно ќе се спроведува проектот...

Секој втор Македонец троши по едно пакување седативи годишно

Неконтролираната употреба на овие лекови предизвикува зависност
Напнатост, вознемиреност, нарушено спиење, страв, нервоза- сè поголем број граѓани имаат дијагностицирано депресија. „Дијазепам“, „лексилиум“, „хелекс“ - просечно, секој втор Македонец во годината употребил по едно пакување седативи. Лани се издадени повеќе од 1,6 милион рецепти. „Дијазепамот“ е најбаран, а најмногу го купувале во Берово. - Тука влегуваат само...

(ФОТОГРАФИИ) Одржан Саем за вработување во Штип

Повеќе од 10.000 заинтересирани посетители присуствуваа на третиот Саем за вработување кој се оддржа во Безистенот во Штип, во организација на Агенцијата за Вработување на Република Македонија. На саемот се претставија 32 компании од Македонија, од кои најзастапени беа од производствениот сектор.  

Обука за лекарите кои праќаат многу пациенти на томографија

ќе мора да одат на обука што трае 20 часа за упатствата и протоколите за медицина
Лекарите што упатиле премногу пациенти на компјутерска томографија или на магнентна резонанца, а по снимањето излегло дека тие немаат болест или повреда, ќе мора да одат на обука што трае 20 часа за упатствата и за протоколите за медицина базирана на докази, како и...

Ќе се гради пат Кавадарци – Прилеп

Денеска, претставници и проектанти од Агенцијата за патишта во салата на општина Кавадарци имаа средба со граѓаните што имаат свое земјиште и се засегнати со процесот на експропријација во делот на патниот правец кој Владата на Република Македонија планира да го гради од наплатаната...

Тодоров одобри да се направи нова обдукција на телото на Дениса

Институтот за судска медицина добил овластување од министерот за здравство, Никола Тодоров, да направи обдукција и ДНК-анализа на телото на Дениса Маркоска. Директорот на Институтот, Алексеј Дума, изјави дека министерот нагласил дека треба да им излезе во пресрет на барањата на семејството Маркоски. Во изминативе 24...

Опозицијата не се враќа во Собранието

Опозицијата не се враќа во Собранието, одлучија на денешната средба лидерите на опозицискиот блок, Зоран Заев, Тито Петоквски и Андреј Жерновски. Тројцата лидери се договорија да продолжат со блокирање на државните институции. - Темите за кои сакаме да разговараме со власта се познати. Ако таа...

Потпишана Декларација за остварување на уставно загарантираната слобода на медиуми

Декларацијата била усогласувана околу два месеци со консултација и соработка на повеќе медиуми и невладини организации
Новинари, уредници и невладини организации ја потпишаа Декларацијата за промовирање принципиелни ставови за остварување на уставно и законски гарантираната слобода на медиумите во Република Македонија. Принципиелните ставови на Декларацијата се групирани во четири сегменти: политичка волја за слобода на медиумите, реформи на законодавството, финансиски услови...

Отворена градинка во Кривогаштани

Капацитетот на градинката е за 50 деца
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во Кривогаштани, заедно со градоначалникот Тони Заткоски, ја пушти во употреба новата и прва градинка во општината. Спасов нагласи дека се работи за комплетно нов, современ објект со најнова и најсовремена опрема за оваа прва детска градинка...

Прилеп, домаќин на светската автомобилска и авионска индустрија

Демонстрација на најсовремените технологии за процесирање на композитни материјали и производство на композитни делови
Институтот за современи композити и роботика Прилеп (СКР), од 4 до 6 ноември e домаќин на вториот меѓународен семинар на тема „Автоматизација во композитното производство“. На семинарот, теорискиот аспект ќе биде претставен од врвни предавачи кои ги следат светските трендови во композитната индустрија и роботиката,...

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси забележа рекордни приноси на пченка

Како дел од иницијативата беа донирани 120 системи капка-по-капка
Петнаесетте производители на пченка од регионот, кои годинава првпат наводнуваа со системи „капка по капка“ донирани од УСАИД, успеаја да ги зголемат своите приноси за трипати (од 4 тони од еден хектар на 12 тони од еден хектар), додека земјоделецот Глигорче Алексов постигна рекорден принос во вардарскиот регион...

Посмртно слово за мерната станица „Битола-2“

Мерната станица „Битола-2“ е новиот споменик на екологијата во Битола. Откако 800 дена не работи и не го мери аерозагадувањето во градот, Здружението на граѓани „За нас се работи“ на групата „Битола сака чист воздух“, која брои околу 12.000 членови на социјалната мрежа Фејсбук, денеска положи...

Ќе се гради затвор само за педофили?

Затвор во кој казна ќе издржуваат само педофили најверојатно ќе се гради во Македонија. Ова засега е само идеја која се разгледува, но директорката на Управата за извршување на санкции, Лидија Гавриловска, смета дека ваков затвор е потребен во земјава, известува „Нетпрес“. Таа вели дека...

По породувањето на жената, гинекологот ќе бара да се отвори боледувањето

Парнаџиева Змејкова најави дека во владина процедура се три варијанти за реализација за проектот
Директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова, денеска рече дека ФЗОМ никогаш не размислувал, ниту предлагал надоместокот на плата да биде на товар на фирмите и истакна дека владиниот предлог за „побрза исплата на надоместоците“, мислејќи за породилно отсуство и за боледување, бил...

Криел дрога под хауба

Дополнително кај пријавениот во чорапот од левата нога пронајдено е уште едно кесе со помала количина марихуана
Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 25-годишниот И.Н. од Скопје, кого го товари за неовластено производство и продажба на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори и за овозможување употреба на опојни дроги. Пријавениот, на 6 јули годинава, отворајќи ја пред полициските инспектори хаубата од...

(ФОТОГРАФИИ) Вевчани – село со богат градски живот

Актери од селото театарската претстава „Печалбари“ ја играле меѓу двете светски војни
Многувековна културна традиција стои зад населбата Вевчани која, со околу 3.500 жители, денес е една од најмалите, а најафирмираните општини во земјата. За познатиот Вевчански василичарски карневал велат дека е со традиција подолга од еден милениум. Основно училиште на мајчин македонски јазик имаат уште од...

Граѓанските здруженија од Тетово загрижени поради „Југохром“

Од еколошкото здружение „Еко Герила“ се разочарани од владината одлука
Граѓанските здруженија од Тетово се загрижени поради продолжувањето на законскиот рок за имплементирање на еколошките стандарди за работа на еден од најголемите загадувачи на воздухот во полошкиот регион, комбинатот „Југохром“, пренесе радио МОФ. Граѓаните од тетовскиот регион ја коментираат различно одлуката за продолжување на рокот...

СДСМ Крива Паланка: Кој и зошто ги штити фирмите што ги прекршуваат работничките права

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски толерираат грубо кршење на работничките права во конфекционерската и во чевларската индустрија во Крива Паланка, реагираат од СДСМ Крива Паланка. „Според информациите што се доставени до нас, вработените во текстилната индустрија, наместо пријавените 40 часа неделно, работат по 9 или...

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...