fbpx

Граѓанските здруженија од Тетово загрижени поради „Југохром“

-

Граѓанските здруженија од Тетово се загрижени поради продолжувањето на законскиот рок за имплементирање на еколошките стандарди за работа на еден од најголемите загадувачи на воздухот во полошкиот регион, комбинатот „Југохром“, пренесе радио МОФ.

Граѓаните од тетовскиот регион ја коментираат различно одлуката за продолжување на рокот за уште две години, која, според надлежните, е донесена од економско-социјални и еколошки причини. За едни работењето на комбинатот значи живот и егзистенција на повеќе од 1.000 вработени, за други комбинатот децениски го загадува воздухот и ги труе граѓаните.

Радио МОФ побара мислење од еколошките здруженија и од невладините организации од тетовскиот регион. За екологистите проблемот е стар повеќе децении и е речиси нерешлив. Од Друштвото на екологисти од Тетово и понатаму остануваат зад своите заложби за поставување филтри на фабричките оџаци на „Југохром“.

„Повторно апелираме до надлежните институции сериозно да го сфатат овој проблем бидејќи последиците врз нашето здравје може да станат и фатални“, вели Веса Букла од Друштвото на екологисти – Тетово. Оттаму посочуваат дека не се залагаат за затворање на комбинатот „Југохром“, туку за итно поставување филтри на фабриката.

Од еколошкото здружение „Еко герила“ се разочарани од владината одлука.

„Во врска со продолжувањето на рокот за поставување филтри на најголемиот загадувач во Тетово, „Југохром“, ние како здружение не се изненадивме. Ние сме навикнати на неодговорното работење на политичарите. Не сме изненадени од ваквата одлука, но сме разочарани што Владата дозволи да се загадува градот и да се трујат граѓаните од Тетово и од полошкиот регион“, вели Аријанит Џафери од „Еко герила“ од Тетово.

И Иницијативата „Заедно против загадувањето на Тетово“ изминатиот период активно работеше на подигнување на еколошката свест кај граѓаните.Тие потсетуваат дека загадувањето на воздухот продолжува да биде главен проблем на тетовци.

„Ситуацијата и понатаму е алармантна и веднаш мора надлежните да преземат итни мерки“ , вели Елена Мишевска од Иницијативата.

Според оперативниот план, „Југохром“ треба веднаш да почне со процесот на поставување еколошки филтри и во рок од две години тој треба да заврши. Поставувањето ќе се надгледува квартално и доколку има застој во постапката, постои можност од целосно затворање на металуршкиот комбинат.

Дебатата за затворање на најголемите загадувачи на животната средина и за поставувањето филтри се интензивираше кон крајот на минатата година кога воздухот во Тетово континуирано беше најзагаден. Минатогодишните протести на невладините организации и на граѓаните не дадоа резултат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...