fbpx

Ќе се гради затвор само за педофили?

-

Затвор во кој казна ќе издржуваат само педофили најверојатно ќе се гради во Македонија. Ова засега е само идеја која се разгледува, но директорката на Управата за извршување на санкции, Лидија Гавриловска, смета дека ваков затвор е потребен во земјава, известува „Нетпрес“.

Таа вели дека се разгледува оваа опција и се утврдува дали е во согласност со стандардите на Европсак Унија. Исто така, се анализира како овој систем функционирал во другите земји.

Гавриловска лично смета дека лицата осудени за педофилија треба да бидат одвоени и казната да ја издржуваат во посебна установа.

– Овие лица би требало да се одвојат за да може тимот што ќе работи со нив да се специјализира, како и за да се зголеми безбедноста на овој вид затвореници – вели таа.

Гавриловска додава дека во затворите се преземаат општи активности и се работи според психичко-социјална програма за третман, меѓутоа ресоцијализација за овие престапници нема.

– Нивната состојба не претставува болест која може да се лекува за во иднина да не го повторат делото. За нив педофилијата е сексуална ориентација – вели таа.
Во македонските затвори моментално казна затвор за полов напад врз малолетник издржуват 155 лица, а 80 од нив се осудени за полов напад врз малолетно лице помало од 14 години. Едно лице, пак, е осудено на доживотен  затвор и остатокот од својот живот ќе го мине зад решетки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...