Секој втор Македонец троши по едно пакување седативи годишно

-

Напнатост, вознемиреност, нарушено спиење, страв, нервоза- сè поголем број граѓани имаат дијагностицирано депресија. „Дијазепам“, „лексилиум“, „хелекс“ – просечно, секој втор Македонец во годината употребил по едно пакување седативи. Лани се издадени повеќе од 1,6 милион рецепти. „Дијазепамот“ е најбаран, а најмногу го купувале во Берово.

– Тука влегуваат само оние лекови кои се подигнати од аптека на товар на Фондот, а не и оние кои се купуваат на приватни рецепти и што се користат при болничкото лекување, што значи дека потрошувачката е уште поголема – изјави д-р Игор Неловски, советник во ФЗОМ.

Неконтролираната употреба на овие лекови предизвикува зависност, велат лекарите. Освен тоа, ја забавуваат работата на мозокот, ја намалуваат концентрацијата, предизвикуваат поспаност. Особено се опасни за возачите.

– Пациентот може многу брзо да развие толеранција на лековите,а  тоа значи дека е потребна сè поголема доза за да се постигне саканиот ефект. Овие состојби може да се јават како кај пациенти што го примаат лекот по препорака на лекар, така и кај тие што го злоупотребуваат – смета д-р Ана Петрова, советник во Фондот.

Од Фондот за здравство им сугерираат на граѓаните да имаат доверба во лекарите и да не инсистираат на овие рецепти.

Матичните лекари издаваат рецепти за седативи само еднаш месечно. Нивната препорака е што поретко да се употребуваат поради штетното влијание врз дишните патишта, односно поради тоа што го оневозможуваат соодветниот протек на кислород во организмот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И по еден месец од јавниот повик, Арсовска тактизира и не поставува директор на Зоолошката градина

Измина точно еден месец откако Град Скопје, односно градоначалничката Данела Арсовска распиша јавен повик за избор на директор на Зоолошката градина Скопје, а засега нема никаков епилог од овој...